Македонија

Убијците на македонските бранители кај Вејце, за Снопче, не биле терористи

Пратеникот од Алијанса за Албанците бара да се тргне спомен-плочата и порача дека „нема вистински мир без почит“

Пратеникот Халил Снопче се нашол погоден од написот на таблата пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите војници и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година.

„На спомен плочата сè уште има реченица која гласи: ‘Загинати во борба против албанските терористи’. Во 2026 година… уште овој јазик? Срамота и неправда. Ова не е само реченица. Тоа е отворена рана за илјадници семејства. Тоа е порака која им кажува на Албанците дека нивната жртва не е признаена, дека нивната историја е негирана“, вели во својата реакција на Фејсбук пратеникот од опозициската Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, критикувајќи го и министерот за одбрана Владо Мисајловски за положувањето цвеќе пред таблата со таква содржина.

„Како можеме да зборуваме за Европа, за соживот, за заедничка иднина, кога во срцето на нашите институции има зборови кои делат и болат. „УЧК и нејзините борци не се терористи. Тие се дел од нашата историја, нашата болка и нашата издржливост. Нема вистински мир без почит. Не може да има соживот без достоинство. Ова мора да се смени. Сега“, порача Снопче.

Тој, практично, му реплицира и на некогашниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, кој во почетокот на војната во 2001 година во Македонија среде Скопје изјави: „Меѓународната заедница нема да дозволи демократските институции тука да бидат ослабени од една група убијци и криминалци во планините на северот“. 

На 28 април 2001 година кај Вејце беа убиени, а потоа и масакрирани телата на четворица припадници на воената единица „Волци“ на Армијата на Република Македонија и полицајци при ОВР Битола.

На браникот на татковината своите животи тогаш ги положија бранителите Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

 

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top