Македонија

Со перница задушил 78.годишна жена па продолжил да краде

Со перница ја задушил М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, но не сопрел тука

Пполициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од слобода Т.Б.(25) од с.Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

Тој е осомничен дека на 12.02.2026 во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото.

Исто така, тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.

Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top