Македонија

Удар од гром го парализира граничниот премин „Евзони“

Вечерва на грчкиот дел од границата со Македонија прво снемало струја, а по нејзиното делумно доаѓање немало интернет

Колапс вечерва на грчкиот граничен премин со Македонија, „Евзони“, а причината е удар од гром околу 21 часот, кој прво го онеспособил снабдувањето со електрична енергија, поради што долгите колони ги обви мрак.

„Агрегатите не постигнуваат да ги напојат сите уреди, а сега кога во некои делови постои стабилно напојување немаат интернет. Тотален колапс“, вели српски турист на Фејсбук-групата „Грција инфо“.

Од македонски членови на групата препорака до тие што тргнале кон граничниот премин „Богородица“ да се упатат кон Дојран.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top