Македонија

УЈП: Исплатата на Мој ДДВ во тек, исплатени 552 милиони, подготвени уште 370 милиони денари

„Кај некои граѓани можно е да има застој во исплатата на Мој ДДВ, но тоа се должи на технички проблеми, кои не зависат од УЈП, како што е на пример неважечка трансакциска сметка.“ – нагласи директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова.

Заклучно со вчерашниот ден исплатени се 552 милиони денари на сметките на граѓаните по основ на Мој ДДВ. Подготвени се налози за исплата на уште 370 милиони денари, информира денеска директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова. 

– Процесот за Мој ДДВ е во тек. Сега треба да се реализира повратот за третиот квартал заклучно со 30 септември. За да започнеме со обработка на налозите, почнуваме после поднесување на пријавите во септември. Може да дојде до определени застои кај некои физички лица, за кои не е важечка трансакциската сметка, што ја поднело лицето, односно да се случат технички проблеми, кои не зависат од УЈП, појаснува Петрова.

Заклучно со вчера е извршен поврат на ДДВ од речиси 500 милиони евра за компаниите. Петрова вели дека тоа е постојан процес и оти налозите се изготвуваат за оние компании, кои не се ризични, додека кај некои компании процесот трае подолго, затоа што мора да се направат надворешни контроли.

– Околу половина од дополнително утврдените даноци, што не биле правилно пресметани и правилно пријавени од страна на даночните обврзници, се однесуваат за ДДВ. Кажав дека имаме околу 60 милиони евра дополнително утврдени даноци во периодот јануари – октомври, од нив околу половина се однесуваат на данокот на додадена вредност, што значи дека мораме да ги правиле даночните контроли, бидејќи на тој начин штитиме од буџетот да не се исплатат неосновано пари, вели Петрова.Таа додава дека секоја контрола зависи од големината на компанијата и оти некогаш е потребно и проширување на контролата.

Во однос на реализацијата на планот кај даноците, Петрова вели дека за периодот јануари-октомври имаат успешна реализација од околу 99 проценти кај данокот на додадена вредност и околу 95 проценти кај данокот на добивка. Кај данокот на личен доход, каде што има помала реализацијата во однос на планираното, Петрова вели дека имаат многу активности што се во тек, а со кои очекува да се подобри реализацијата и во овој дел.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top