Македонија

УЈП ја започна третата фаза од проектот е-Фактура

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури.

Управата за јавни приходи ја започна третата фаза од проектот е-Фактура, со која на деловните субјекти им се овозможува тестирање на системот преку нова веб-апликација за електронска размена на фактури. Од УЈП информираат дека новата фаза има за цел да обезбеди практична тест-околина во која компаниите ќе можат да креираат, испраќаат, прифаќаат, одбиваат и сторнираат електронски фактури, без разлика на нивната големина или техничка подготвеност.

Проектот досега помина низ две фази. Во првата беше тестирана интеграцијата на деловните софтверски системи со платформата е-Фактура, додека во втората беа додадени нови функционалности и даночни индикатори, што бараше дополнително прилагодување на системите на компаниите. Со стартот на третата фаза, УЈП воспостави соработка со околу 200 компании кои ќе учествуваат во структуирано тестирање на платформата во координација со даночни агенти од институцијата.

Од Управата посочуваат дека досега се реализирани околу 30 информативно-едукативни средби со компании, стопански комори и бизнис здруженија, а во наредниот период ќе следуваат нови обуки, вебинари и детални упатства за користење на системот.

УЈП ги повика сите компании активно да ја користат тест-платформата и да доставуваат предлози, забелешки и препораки за понатамошно подобрување на функционалностите на системот. Од институцијата нагласуваат дека и компаниите кои немаат назначено даночен агент можат да пристапат кон тестирање на системот и навремено да пријават евентуални технички потешкотии или забелешки.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

To top