Македонија

УЈП: „Мој ДДВ“ одново достапен

„Апликацијата „Мој ДДВ“, која ја користат стотици илјади граѓани за да добијат поврат на дел од парите потрошени за данок на додадена вредност во трговијата, беше целосно блокирана пет дена

Управата за јавни приходи објави дека проблемот е целосно решен и дека апликацијата е повторно достапна и функционална за сите корисници.

„Апликацијата „Мој ДДВ“, која ја користат стотици илјади граѓани за да добијат поврат на дел од парите потрошени за данок на додадена вредност во трговијата, беше целосно блокирана пет дена, односно не работеше.

Како што велат од УЈП прекинот во работењето на апликацијата се случил поради „технички прилагодувања и неопходно подобрување на целиот систем“.

По завршувањето на овие процеси, системот е повторно активен и достапен за корисниците на оперативните системи „Android“ и „iOS“, велат од УЈП.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top