Македонија

Укинувањето на Пржинската влада е реформа, а не автократски потег

Според партијата, државата не треба да остане „заложник на привремени решенија“

Движењето ЗНАМ соопшти дека укинувањето на таканаречената Пржинска влада не претставува „автократски манир“, туку чекор кон реформа на изборниот систем и надминување на модел кој, според партијата, одамна ја изгубил својата првична цел.

Од ЗНАМ посочуваат дека Законот за техничка влада бил донесен во специфични политички околности, во период на длабока криза, објавување на незаконски стекнати материјали и постоење на специјално обвинителство, и оценуваат дека неговата улога денес е завршена.

Според партијата, државата не треба да остане „заложник на привремени решенија“ кои, како што наведуваат, се претвораат во трајни алатки за политичко условување.

Во реакцијата се наведува дека новото законско решение не ја укинува контролата, туку предвидува транзициски период со можност техничка влада да постои и за следните парламентарни избори. Од ЗНАМ велат дека станува збор за компромисно решение во кое, според нив, се вградени и најголем дел од предлозите на СДСМ.

Партијата ја отфрла и оценката на СДСМ за „шверцерски“ пристап, посочувајќи дека процесот бил транспарентен, со лидерска средба, официјални рокови и писмени предлози од сите партии.

Од ЗНАМ дополнително ја критикуваат одлуката на лидерот на СДСМ да не присуствува на лидерската средба, оценувајќи дека наместо аргументи, опозициската партија избрала политички настапи пред јавноста.

Во соопштението се поставува и прашањето зошто СДСМ, ако тврди дека е подготвен за нови избори, реагира со „нервоза“ и инсистира на задржување на техничката влада како механизам за гарантирање фер избори.

ЗНАМ смета дека заканите за повлекување од работата на изборниот закон претставуваат политички притисок и обид за блокада, нагласувајќи дека демократијата се гради со учество и аргументи, а не со уцени.

Од партијата порачуваат дека на државата ѝ се потребни стабилни институции и современ изборен систем кој ќе гарантира доверба кај граѓаните, без разлика која политичка опција е на власт.

Најнови вести од: Македонија

Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење

Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејства во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење откога повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа

Кризната состојба продолжена до 20 октомври, одлучи Владата

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати е продолжена до 20 октомври. Оваа одлука ја донесе Владата на последната седница на 17 јули, поради можноста од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

ЕУ подготвува голема реформа во банкарската регулатива

Една од главните цели на реформата е да се поттикнат прекуграничните спојувања на банките, што би ѝ дало на Европа доволно големи институции за да се натпреваруваат рамноправно со американските финансиски гиганти.

To top