Македонија

УНЕСКО даде нов рок за „спас“ на Охридското Езеро

Охридскиот Регион да не биде ставен на листата на светско наследство во опасност, барем не во наредните 5 години

Македонија и Албанија мора да продолжат со исполнување на препораките што беа донесени изминатите години, со цел да се спречи понатамошно влошување на состојбата. Меѓу клучните забелешки остануваат потребата од отстранување на бесправните градби, усогласување на урбанистичките планови со обврските од УНЕСКО и изработка на сеопфатна стратешка проценка на влијанијата врз животната средина.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. Наместо тоа, Северна Македонија и Албанија добија дополнителен рок од пет години за спроведување на препораките за заштита на Охридското Езеро и неговото природно и културно наследство.

Одлуката беше донесена на 48. сесија на Комитетот за светско наследство што се одржува во Бусан, Јужна Кореја. За неа гласаа 16 од вкупно 21 земја членка.

Македонската делегација во Бусан беше предводена од вонредниот и ополномоштен амбасадор при УНЕСКО, Игор Николов. Според делегацијата, одлуката претставува израз на доверба во досега преземените активности, но и можност државата да покаже конкретни резултати во спроведувањето на препораките.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунскиоцени дека одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО претставува значаен дипломатски успех за државата и резултат на координирана акција на институциите,објави Дојче веле

Иако регионот избегна да биде прогласен за светско наследство во опасност, во нацрт-одлуката на Комитетот беше констатирано дека напредокот е ограничен и дека главните закани сè уште не се отстранети.

Охридскиот Регион со години се соочува со сериозни ризици поврзани со дивоградбите, прекумерната урбанизација, деградацијата на крајбрежјето, несоодветното управување со отпадните води и недоволната заштита на екосистемот.

 

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top