Македонија

УНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка: Kористиш бројни бенефити, и покрај тоа што во банката не ја земаш платата!

Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата?

Дали ви се случило кога сакате да користите одреден банкарски производ да ве прашаат дали тука ја земате платата? И доколку не одговорите потврдно, да не ви бидат понудени подобри услови.

Тоа не е случај и со УНИБанка! Во оваа банка може да си дел од програмата за лојалност УНИПлус, и покрај тоа што преку банката не ја земаш платата. Клиентите не се обврзани да ја префрлат платата во УНИБанка за да користат бројни поволности. Она што треба да се направи е само во Унибанка да се отвори платежна сметка, на која ќе ви пристигнуваат некои од дополнителните приливи по основа на кирии и закупнини, хонорари или надоместоци од договори за дело или авторски услуги, девизни приливи, или трансакции од трети лица, а условот е само вкупните месечни приливи на сметката да достигнат минимум 24.000 денари, односно 15.000 денари за пензионери.

Лојалноста кон УНИБанка обезбедува бројни поволности како пониски каматни стапки за кредити и повисоки камати за депозити, бесплатно интернет банкарство, алатки за следење на личните финансии, како и можности за инвестирање во благородни метали.

“Овој модел претставува отстапување од вообичаената практика во банкарскиот сектор, каде што програмите за лојалност најчесто се условени со префрлање на плата, што, често претставува бариера за клиентите кои веќе имаат кредитни обврски во друга банка. Свесни за тоа како одлучивме да ги менуваме стандардите и да бидеме како Банка лидер во овозможувањето врвно корисничко искуство. Со УНИПлус им овозможуваме на клиентите поволности, но и поголема слобода во управувањето со нивните финансии“, велат од УНИБанка.

Од банката додаваат дека во пресметката не се вклучуваат трансакции поврзани со отплата на кредити, преорочување депозити и интерни преноси помеѓу сметки на ист клиент.

Според финансиските експерти, УНИБанка и досега важеше за Банка со високо ниво на лојалност на нејзините клиенти, како и за динамична и модерна Банка. А со овој чекор, уште повеќе се позиционира кон поголема флексибилност и прилагодување кон потребите на клиентите, во време кога конкуренцијата во банкарскиот сектор станува сè поинтензивна. Паралелно со ова Банката континуирано инвестира во унапредување на безбедноста при банкарските операции, овозможувајќи непречено користење на банкарските услуги.

СТАНИ ДЕЛ ОД УНИПлус – Лојална програма

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top