Македонија

Уредникот на ТВ24 им ги урна ,,влажните соништа” на Филипче и Жерновски

Владата на Мицкоски нема да падне затоа што нема проблем со Западот како Орбан и Вучиќ

Опозицијата предводена од СДСМ да не сонува за магично доаѓање на власт или самоуривање на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тоа нема да се случи. Наместо тоа, да се фатат за работа, да понудат програма и решенија и да најдат начин да ги убедат граѓаните зошто повторно да им веруваат.

Ова го порачува познатиот новинар и уредник во ТВ24, Сеад Ризвановиќ, во својот последен осврт на социјалните мрежи, во кој директно ги анализира и „потонува“ надежите на опозициските лидери Венко Филипче и Андреј Жерновски, кои повлекуваат паралели меѓу политичките случувања во Србија и Унгарија со состојбата во Македонија.

Различни геополитички контексти

Според Ризвановиќ, обидите на опозицијата да прикаже дека премиерот Христијан Мицкоски е „следниот што ќе падне“ по примерот на Александар Вучиќ во Србија и Виктор Орбан во Унгарија, претставуваат само создавање лажни илузии. Иако признава дека владејачката партија има силни врски со Будимпешта и добри односи со Белград, поткрепени со унгарскиот кредит и прилив на српско-унгарски пари во медиумскиот простор, тој потенцира дека постои клучна разлика: геополитичкиот момент.
„Тоа е проруската инсталација на европскиот континент која стана премногу силна и почна да се шири (Фицо, Радев), која сега е целосно девастирана. Двете земји кои претставуваа основа за оската на Москва во Европа се ‘преобратени’, и тоа во согласност со вољата на тамошните граѓани“, објаснува Ризвановиќ.

Мицкоски нема никаков проблем со Брисел и Вашингтон

За разлика од Србија и Унгарија, но и за разлика од времето на владеењето на Никола Груевски, актуелната Влада во Скопје нема проблем со руското или кинеското влијание.

Ризвановиќ подвлекува дека владата на Мицкоски реално нема никаков проблем ниту со Брисел, ниту со Вашингтон на ова поле.

• Економски опортунизам, а не антизападна политика: Парите искористени од Унгарија на нив се гледа како на економски опортунизам или прашање на економска политика.

• Без отстапки од западните вредности: Засега нема никакви назнаки дека Мицкоски води политика која отстапува од западниот курс.

Новинарот заклучува дека без геополитички притисок од западните актери — кој беше клучен за падот на проруските инсталации во регионот — македонската опозиција не може да очекува надворешен „ветер во грб“ за соборување на власта, туку ќе мора вината и решенијата да ги бара исклучиво во сопствените редови.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 од вкупно 189 национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осум пати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

To top