Македонија

Уште десетина приведени за пожарот во дискотеката “Пулс”

Вработени и раководни лица од Управата за јавни приходи и од Државен пазарен инспекторат се опфатени со проширената истрага поврзана со пожарот и работењето на дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

Плусинфо дознава дека  дел од лицата се уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за разни кривични дела, од злоупотреба на службена положба, примање поткуп, до фалисификување исправи.

Според информациите до кои дојде Плусинфо, 11-те лица опфатени со проширената акција на МВР се товарат за неколку дела.

„ Денеска се приведени околу десетина лица и се вршат претреси на одредени локации. Се работи за лица вработени во Управата за јавни приходи, за злоупотреба на службена положба и примање мито“ рече Коцевски, без да прецизира на кои позиции работеле тие во УЈП.

Прашан дали приведните имале комуникации со сопственикот на дискотеката „Пулс“, а дел од тие комуникации беа презентирани во јавноста, Коцевски рече дека дел од тие пораки се дадени во судот.

Овој предмет не може да се спојува со веќе почнатиот за случајот Кочани, затоа што овде не e поврзаноста со штетната последица смрт. Ова се дела за злоупотреба на службената должност, давање и примање поткуп, што нема врска со другиот кривичен настан’, прецизира Коцевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Скопјанецот М.С. (24) отишол на гости, легнал да одмори и не се разбудил

Млад скопјанец бил пронајден мртов во стан во Скопје, откако негов пријател го затекнал во бессознание, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, на 18 март 2026 година во 19:42 часот, во СВР Скопје, Н.Г. (26) пријавил дека околу 19:40 часот го пронашол својот другар М.С. (24) во бессознание.

„Нетпрес“: За проневера на државни пари ќе одговара Зоран Ѓеоргиев, сопругот на контроверзната струмичка судијка Лорета Георгиева!

Поранешниот директор на струмички „Комуналец“ Зоран Ѓеоргие е осомничен дека со години незаконски исплатувал пари и оти го оштетил буџетот на претпријатието за над еден милион денари. Според информациите од полицијата, од 2022 до 2023 година, во дури 47 случаи донесувал одлуки спротивни на прописите и си овозможувал парична корист и за себе и за други вработени.

Ченто со честитка и порака до Савески: Да се исправат неправдите, Македонија мора да излезе од правното мочуриште и да стане вистинска правна држава!

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април 2017 година, му упати честитка на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, изразувајќи очекување за суштински промени во функционирањето на обвинителството. „Македонија не смее да остане заробена во неправда“, нагласи Јане Ченто.

Савески: Секој обвинител има законска обврска да се постапува по тековните предмети, нема да има приоритетни предмети, а партиите не се мој интерес!

„Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Нивната работа ниту почнува, ниту завршува со мене. За мене секој предмет има ист интерес, нема да има приоритетни предмети. Ја гарантирам отчетноста и транспарентноста на секој јавен обвинител за секој предмет.“ – нагласи новиот државен обвинител на Република Македонија Ненад Савески денес при давањето на свечената заклетва во Собранието на Република Македонија.

Директор на ЈП од Струмица 47 пати ја злоупотребил службената положба

Пријавениот директор на ЈП „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година донесувал одлуки за исплата на надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие

Најнови вести

To top