Македонија

Уставните измени за Софија се само вовед во десетина нови барања – смета Милошоски

Однесувањето на бугарските парламентарци во врска со извештајот на Европската комисија за Македонија кој беше усвоен, а треба да биде изгласан на почетокот на јули, на еден начин претставува отрезнување за оние коишто сметаат дека Бугарија не бара ништо освен мало корегирање на Уставот

Однесувањето на бугарските парламентарци во врска со извештајот на Европската комисија за Македонија кој беше усвоен, а треба да биде изгласан на почетокот на јули, на еден начин претставува отрезнување за оние коишто сметаат дека Бугарија не бара ништо освен мало корегирање на Уставот, смета пратеникот Антонио Милошоски.

– Однесувањето на бугарските парламентраци во Европскиот парламент не е изненадување, но можеби е добро отрезнување за одредени левичари коишто создаваат илузија дека Бугарија не бара ништо многу освен едно мало корегирање на Уставот. Менувањето на Уставот за Бугарија е само отварање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина такви тешки барања – истакна Милошоски во гостување на „За или против“ на ТВ Алфа.

Тој вели дека каков и да биде исходот од претстојното гласање, сето тоа што се случувало во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент треба да се смета за успех затоа што веќе сите знаат дека Македонија кредибилно тврдеше дека менувањето на преамбулата не е единствено барање од страна на Бугарија.

– Каков и да биде исходот, тоа што се случуваше во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за нас треба да биде сметано како успех, затоа што сите видовме дека Македонија кредибилно тврди дека менувањето на преамбулата не е единственото барање и пречка зошто ние не ги отвараме преговорите за членство. Дури и да се случи во Европскиот парламент да има и пресврт и извештајот да не помине заради противењето на бугарските европратеници тогаш барем ќе бидеме на јасно за што станува збор, дека не станува збор за реформи во здравство, во образование туку станува збор за менување или одново пишување на историските читанки во изминативе 150 години – дециден е Милошоски.

На самиот почеток Милошоски истакна дека Македонија не случајно е домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан, од причина што акцентот е ставен на планот за раст на Европската комисија рефлектиран преку реформските агенди на коишто Македонија покажа најдобри резултати.

– Според мене не беше случајно одбрана Македонија да биде домаќин на овој состанок, затоа што главната тема беше планот за раст на Европската комисија, рефлектиран преку реформските агенди на сите земји од регионот, во тој дел Македонија досега направи најдобри резултати, покажа една добра реформска агенда и во однос на нејзината реализација мислам дека сме една од земјите коишто имаа подобар просек на реализација. Сето ова е на некој начин признание за реформската определба на Владата, и искажување на еден респект кон македонската Влада, да биде домаќин на една ваква средба каде што Европската комисија ги презентираше следните чекори во однос на земјите кандидати за членство на ЕУ – објасни Милошоски.

Пратеникот истакна дека Македонија е над просекот од 75% по однос на исполнување на реализација на реформската агенда.

– Моите информации се дека Македонија е над од оној просекот од 75% што го спомна еврокомесарката Кос по однос на исполнување на реализација на реформската агенда. Тоа покажува дека кога на државата и на македонската Влада ќе ѝ се дадат параметри коишто се мерливи и не зависат од билатерални препреки, злоупотреби тогаш резултатот и исходот и оценките се високи.

Најнови вести од: Македонија

Украина го нападна Туркстрим: Eдинствениот гасовод што го снабдува Балканот со гас, меѓу кои и Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денеска остро реагираше на украински напад врз инфраструктурата на гасоводот Туркстрим во Русија, оценувајќи го како сериозна закана за енергетската безбедност на Унгарија и пошироко.

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

To top