Македонија

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Судот особено ги истакнува видот и карактерот на игрите на среќа, нивната масовна достапност, обемот и сложеноста на нивното организирање, како и потребата од засилена контрола, надзор и заштита на јавниот интерес

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа. Имено со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за оценка на уставноста на член 7 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, недвосмислено се потврдува уставната оправданост на новото предлог- законско решение, со кое државата задржува посебни права и надлежности во сферата на приредувањето игри на среќа.

Во своето образложение, Уставниот суд јасно оценува дека определбата на законодавецот за задржување на правото за приредување одредени игри на среќа кај државата претставува легитимна законодавна политика заснована на јавен интерес. Притоа, Судот особено ги истакнува видот и карактерот на игрите на среќа, нивната масовна достапност, обемот и сложеноста на нивното организирање, како и потребата од засилена контрола, надзор и заштита на јавниот интерес.

Уставниот суд утврдил дека ваквото законско решение не е спротивно на член 55 од Уставот, односно не ги повредува принципите на слободен пазар и претприемништво, а со кое новиот предлог закон само се надоврзува на веќе донесеното решение. Напротив, Судот нагласува дека станува збор за специфична дејност со изразен социјален аспект, во која државата има право, но и обврска, да воспостави посебен режим на организација, контрола и надзор.

Во таа насока, треба јасно да се истакне дека Државна лотарија како и генералниот директор на Државна лотарија, во своето постапување и јавно излагање, во целост биле запознаени со правната содржина и значењето на наведената одлука на Уставниот суд и своите ставови и дејствија ги темелел токму врз ваквата уставно-судска практика. Постапувањето на генералниот директор на Државна лотарија не било ниту произволно, ниту надвор од законската рамка, туку претставувало доследно следење на важечките законски решенија и на правните ставови веќе потврдени од највисоката уставно-судска инстанца.

Решението јасно потврдува дека уредувањето на пазарот на игрите на среќа е прашање на законодавна политика на државата, при што законодавецот има дискрециско право да одлучува за обемот, начинот и условите под кои ќе се организираат поединечни видови игри на среќа

Оттука, и ставовите што ги застапувал генералниот директор на Државна лотарија не претставуваат лична или политички мотивирана интерпретација, туку правно засновано разбирање на улогата на државата во оваа чувствителна и специфична област. Од уставно-правен аспект, произлегува дека државата има легитимно право да утврдува дали, под кои услови и во кој обем ќе биде дозволено организирањето на интернет игрите на среќа, имајќи ја предвид својата одговорност за заштита на јавниот интерес, спречување на злоупотреби и обезбедување ефективен надзор над оваа дејност.

Токму во тој контекст треба да се цени и постапувањето на генералниот директор на Државна лотарија, кој бил должен да ја почитува постојната законска рамка и да постапува во согласност со уставно дозволените механизми на државна регулација. Согласно со утврдената практика на Уставниот суд, законските решенија со кои државата задржува одлучувачка улога во регулирањето и организирањето на игрите на среќа, претставуваат уставно дозволен механизам за остварување на јавниот интерес и не можат да се сметаат за повреда на уставните принципи на слободен пазар и еднаквост на субјектите на пазарот.

Оттаму, секој обид постапувањето на генералниот директор на Државна лотарија да се прикаже како незаконско, неосновано или спротивно на уставните принципи, е во спротивност со веќе утврдените правни ставови на Уставниот суд. Затоа, основано може да се заклучи дека генералниот директор на Државна лотарија постапувал совесно, законито и во согласност со уставно-судската практика, имајќи ја предвид својата обврска да го штити јавниот интерес и да обезбеди доследна примена на законската рамка во областа на игрите на среќа. Останува нејасно, дали непознавањето на законската и уставно судската пракса од страна на АПИС и АСОМ кои дејствуваат во име и за сметка на приватните приредувачи на игри на среќа, е намерна или ненамерна грешка.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top