Македонија

Устен демарш за албанскиот амбасадор во Македонија Мејдани, поради изјавите, кои претставуваат мешање во нејзините внатрешни работи

„Устен демарш му бил упатен денеска на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Албанија во Република Македонија Денион Меидани, кој бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.“ – објави „Плус инфо“.

Порталот пишува: Дознаваме дека на средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна дипломатска комуникација и потенцијално мешање во внатрешните работи во земјата на акредитација.

На средбата било нагласено дека во иднина е потребно јавните настапи и изјави да бидат во духот на одличните пријателски односи и меѓусебното почитување меѓу двете земји, како и согласно со вообичаените дипломатски стандарди и практики.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top