Македонија

Усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, СДСМ и Левица не присуствуваа

Факт што не смее да се игнорира: на седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од СДСМ и Левица

На Комисијата за политички систем беше усвоена Резолуцијата против нелегалната миграција, со која јасно се осудуваат манипулациите и политичките злоупотреби на ова чувствително прашање од страна на дел од опозицијата, насочени кон создавање страв и несигурност кај граѓаните, истакнува пратеникот Љупчо Пренџов.

-Факт што не смее да се игнорира: на седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од СДСМ и Левица – уште еден доказ за нивната неодговорност и отсуство кога се носат одлуки важни за државната безбедност.  Резолуцијата е поднесена од пратениците на парламентарното мнозинство: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВЛЕН и ЗНАМ, кои јасно покажуваат дека безбедноста, стабилноста и интересите на граѓаните се приоритет. Oстануваме доследни во заштитата на државата и граѓаните, со одговорни политики и конкретни чекори, без калкулации и без популизам, посочи Пренџов.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top