Македонија

Утринава нови долги колони на возила и хаос на граничниот премин Евзони: чекање и повеќе од 4 часа за влез во Грција!

Утрово повторно се создадоа долги колони на возила на граничниот премин Евзони, при влез во Грција, каде што гужвите значително се зголемуваат со почетокот на викендот и летната туристичка сезона. Според информации од самото место, меѓуграничниот простор на преминот е речиси целосно исполнет, а возилата чекаат и повеќе од 4 часа за да ја преминат границата.

Зголемениот прилив на патници кон грчките летувалишта доведе до заситување на капацитетите на преминот и создавање на подолги колони уште во раните утрински часови. Граѓаните кои викендов ќе патуваат кон грчките туристички места, особено кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај и можни подолги задржувања во близина на Солун.

Грчките власти информираа дека поради градежни зафати за изградба на нов надвозник, дел од обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворен за сообраќај во двата правци. Според најавите, коловозот во западниот правец, односно кон центарот на Солун, нема да биде во функција од петок, 26 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 28 јуни, до 23 часот.

Во истиот период ќе биде затворен и источниот правец, кој води кон аеродромот и туристичките места на Халкидики. Дополнително, надвозникот што ги поврзува Пилеа и Панорама ќе биде затворен од сабота, во 05 часот наутро, до недела, во 23 часот.

Во текот на ограничувањата, возачите ќе бидат пренасочувани по алтернативни сообраќајници низ урбаното подрачје на Солун, поради што се очекува зголемена фреквенција на возила и создавање метеж, особено во шпицот на туристичката сезона. Надлежните служби препорачуваат патниците навреме да го испланираат своето патување, да се информираат за алтернативните рути и да предвидат дополнително време за патување.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top