Македонија

Ужасна трагедија во Тузла! Пожар избувна во дом за стари лица, десет мртви и многу повредени! (Видео)

Голем број од повредените се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла, каде што добиваат итна медицинска помош. Меѓу повредените има и полицајци, кои учествувале во спасувањето на жителите на домот. – објавуваат медиумите од Босна и од Хрватска.

„Десет лица загинаа во пожарот, што зафати вчеравечер, на 4 ноември 2025 година, еден кат од Домот за стари и немоќни лица во Тузла. Се стравува дека бројот на загинати може да биде уште поголем. Пожарот бил изгаснат нешто по 22 часот вчеравечер. Во тек е истрага за утврдување на причините за оваа трагедија.“ – објави хрватскиот информативен портал „Данас“, повикувајќи се на сопствени сознанија и на пишувањата на босанските медиуми.



„Данас“ пишува: Пожарот избувнал кратко по 20 часот во еден од становите на горните катови од зградата на домот за стари лица, на катот каде што се наоѓаат неподвижни лица, објавува Klix.ba. Бројни екипи на пожарникари и амбулантни возила пристигнаа на терен веднаш по пријавата.



Видео

Видео

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top