Македонија

Вадете ги слушалките: Фрчат казни за пешаците кои гледаат во телефон на пешачки

Денеска е првиот ден од стапувањето во сила на забраната за користење на мобилни телефони и слушалки при преминување на улица. Казни веќе се напишани кај добар дел од граѓаните..

Гледање во мобилен телефон, носење слушалки во двете уши, или користење на било каков друг електронски уред додека се поминува пешачки премин или пак се вози тротинет, велосипед или мопед по коловозот, од денеска ќе се казнува со 40 евра за пешаците и 50 евра за возачите на овој тип превозни средства.

Од сега стапија во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преку кои сообраќајните полицајци ќе можат да казнуваат учесници со намалено внимание во сообраќајот.

Забранета е употребата на сите електронски уреди што ги расејуваат пешаците.

  • „Законските решенија се воведуваат со цел елиминирање на некои навики кај пешаците и возачите на одредени категории возила. Меѓу нив, пешак е должен кога се движи по коловоз под условите утврдени со овој закон, или кога ја преминува улицата и велосипедската патека или велосипедската лента, да се движи и да помине внимателно без да користи електронски уреди, како што се слушалки, мобилен телефон, таблет, паметен часовник или друг електронски уред, кој ја намалува внимателноста, додека ја преминува улицата и велосипедската патека или велосипедската лента“, вели портпаролот на МВР.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат да се почитуваат правилата во сообраќајот бидејќи ќе има засилени акции со нулта толеранција за прекршоци кои можат да предизвикаат и фатални несреќи.

Најнови вести од: Македонија

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

To top