Македонија

Вајц: Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално –  Ова е година на спроведување уставни измени и реформи

„Билатералните прашања треба да ги решаваат самите земји билатерално. Тие не треба да играат улога во идните преговори со ЕУ. Сите ние, а јас сум австриски државјанин, имавме многу билатерални прашања кои требаше да ги решиме во последните 70-80 години. Потребно е време, исто така и за историјата е потребно време и ние не треба да поврзуваме никакви политички одлуки со овие прашања.“ – изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија Томас Вајц во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ)  на Европскиот парламент вчера.

Известувачот Вајц притоа нагласува дека „ниедна земја не го блокира напредокот на Македонија“, туку е поставено „само едно прашање – уставните измени“. Притоа, тој е „умерен оптимист“ дека „може да се најде излез од ќорсокакот за уставните измени и државава да тргне напред на пристапниот пат кон ЕУ“.

Во врска со датумот, споменат од бугарската претседателка Илијана Јотова по разговорите со Антонио Кошта во Минхен дека е „можно решение до јуни“, Томас Вајц потврдува дека „нешто се случува зад сцената“. „Не сум вклучен во директните планови на Кошта, но можам да потврдам дека имав разговори во Скопје и во Брисел, кои укажуваат на можно решение. Има многу конструктивни сили овде на страната на Унијата, но и на бугарската страна, а исто така и на страната на С.Македонија, кои се обидуваат да најдат излез од овој ќорсокак. Можам да потврдам дека има многу луѓе, кои работат на наоѓање решение.“ – вели Томас Вајц во интервјуто за „360 степени“.

Според него, „важно е владата во Скопје да продолжи со реформите бидејќи оваа година нема избори“. „Ова е година за спроведување на реформите, не само за уставните измени, туку и за т.н. Реформска агенда. Важно прашање и Планот за раст. Сè уште се потребни реформи и ако тие не се спроведат до јуни, земјата би можела да изгуби 47 милиони евра буџетска поддршка што доаѓа од Европската унија. Силно би жалел за тоа.“ – напомнува Вајц.

Но тој е „значително воздржан околу барањето на премиерот Христијан Мицкоски да нема други барања на патот кон ЕУ“. На прашањето дали може да има апсолутни гаранции дека нема да има веќе барања од страна на Европската унија, тој одговара: „Ова е невозможно да го направи Комисијата, бидејќи тоа е долг процес на преговори. Можеби во одреден момент реформите, кои не се случуваат на терен, би можеле да доведат до некои прашалници.“

Вајц има разбирање за барањето да се исполнат пресудите од Стразбур за Македонците во Бугарија. „Правото на собирање на Македонците во Бугарија секако треба да се исполни. Ова не треба да се поврзува со никакви други прашања, бидејќи ова е право на секоја заедница, или етничко малцинство да формира здруженија и да го изразува својот културен идентитет. Затоа ова е барање, кое го поддржуваме и ние во Европскиот парламент кон Бугарија да ги спроведе судските пресуди.“ – вели известувачот за Македонија на Европскиот парламент во споменатото интервју.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top