Македонија

Вајц: Македонија не може да преговара за уставните измени

Ако нема исполнување на овој услов, нема да има напредок на патот кон пристапување, вели известувачот на ЕП за Македонија

Томас Вајц, известувач на Европскиот парламент за Македонија

Уставните измени се барање за кое не може да се преговара, вели Известувачот на Европскиот парлеманет за Македонија, Томас Вајц, во интервју за бугарската агенција БГНЕС. олнето и дека не подлежи на преговори – изјави европратеникот и известувач за С. Македонија – Томас Вајц во интервју за БГНЕС.

За минатогодишниот извештај за земјава кој беше проследен со многу амандмани и дебати околу чувствителни формулации во текстот, Вајц вели „штотуку ги започнавме преговорите и процесот на поднесување амандмани исто така штотуку започна. Имам ограничувања во однос на бројот на зборови што можам да ги вклучам во првиот нацрт. Должината на првиот нацрт се одредува според правилата тука, во Европскиот парламент. Сега сите членови и сите известувачи во сенка се поканети да предложат свои амандмани. Овој процес на преговори само што започна и претпоставувам дека ќе трае до мај“.

На прашање од БГНЕС дека „властите во Скопје тврдат дека „не ѝ веруваат на Бугарија“, повикувајќи се на стравувања од „дополнителни билатерални услови“ прашуваат „Дали доведувањето во прашање на преговарачката рамка ја поткопува довербата и во европските институции?“.

„Во тој поглед сите сме на иста позиција. Уставните измени се барање. Тоа не подлежи на преговори. Ако нема исполнување на овие критериуми и услови, нема да има напредок на патот кон пристапување. Многу би жалел поради тоа и сите сме на иста позиција. Имам многу јасна комуникација со Владата на С. Македонија дека ова барање мора да биде исполнето и дека не подлежи на преговори“ рече Вајц.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top