Македонија

Вандализирано детско игралиште во Карпош 1

За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи

За жал, повторно сме сведоци на вандализам врз јавната и урбаната опрема, информираат од општина Карпош.

На детското игралиште во Карпош 1 се оштетени повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема. Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема.

-За жал, вложувањата во создавање безбедни и уредни простори за најмладите повторно се доведуваат во прашање поради неодговорното однесување и вандалските случаи. Јавните површини се заедничко добро на сите граѓани. Ги повикуваме сите да се однесуваме одговорно и заеднички да придонесеме за нивно зачувување, велат од општината.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top