Македонија

Вашиот таблет, ваш контролен центар: Како со Samsung Galaxy Tab S11 Ultra и апликацијата SmartThings да воведете ред во хаосот на модерното живеење

Зачекорете во светот на Samsung Galaxy Tab S11 Ultra и SmartThings апликацијата

Веќе е 7:30 часот наутро. Доцните. Кафето сѐ уште не е готово. Вашето дете плаче затоа што таблетот закочил, а светлата во собата ве заслепуваат бидејќи некој заборавил да ги изгасне вчера вечер. Ако ова ви звучи познато, добредојдовте во хаосот на модерното секојдневие. Но, што ако се ова може да се реши со само еден уред… еден таблет? Зачекорете во светот на Samsung Galaxy Tab S11 Ultra и SmartThings апликацијата.

Запознајте ја Ана, професионалец со полно работно време, домаќинка и раководител со хаосот на пола работно време и мајка на две енергични деца. Едно утро, сфаќа дека конечно може да престане да жонглира со неколку апликации, уреди и домашни обврски одеднаш. Со нејзиниот Galaxy Tab S11 Ultra во рака, го започнува денот како вистински суперхерој: со еден поглед на таблетот, веќе го гледа својот распоред, мејловите и потсетниците. Со само еден допир на иконата на апликацијата SmartThings, додека кафето се подготвува, сѐ друго ќе се среди само по себе – термостатот ја прилагодува идеалната температура, а светлата се намалуваат онолку колку што е потребно за да не сметаат на никој додека таа е растрчана низ целиот дом.

Подоцна, Ана треба да присуствува на онлајн состанок, да му помогне на синот со домашната и да ја вклучи машината за перење, сето тоа истовремено. Ви звучи невозможно? Но не и со Galaxy Tab S11 Ultra. Со Dynamic AMOLED 2X екранот, нејзините документи и онлајн состаноците се кристално јасни, додека S Pen пенкалото ѝ помага да запишува белешки и да креира скици со Drawing Assist побрзо отколку што нејзиниот син може да праша „Мамо, можеш да ми помогнеш?“. Да, дури и машината за перење и сушење алишта се вклучува со само еден допир од таблетот. Ултра-брзиот процесор и долготрајната батерија до 23 часа се грижат ништо да не закочи, дури и кога извршувате повеќе задачи истовремено, како вистински професионалец.

До пладне, домот на Ана изгледа на хотел. Сѐ е на место, сите уреди совршено работат заедно, а таа е само малку изморена. Додека го пие своето пладневно кафе и прави пауза, се спрема да оди да пазари. Не, не го проверува фрижидерот по неколку пати. Сѐ што треба е еден клик – преку SmartThings апликацијата може да види директно во Samsung фрижидерот и да провери кои намирници ги има. Време за ручек? Нема проблем, Ана го зема Galaxy Tab S11 Ultra в рака и прелистува низ сугерираните рецепти согласно намирниците кои ги има во фрижидерот. А во кујната, Џејми Оливер не и е рамен! Благодарение на SmartThings, до сега се нема случено да и загори ручекот, затоа што поставките и режимот на рерната се управуваат преку апликацијата SmartThings која сугерира најдобар режим за она што го готвите! Навечер Ана се опушта во дневната соба. Само со еден допир на нејзиниот Galaxy Tab S11 Ultra, дневната соба одеднаш се претвора во мала кино сала. Светлата се гаснат, музиката го создава амбиентот. Со помош на Samsung DeX, Ана ја подготвува својата следна презентација, без воопшто да го остави таблетот. Откако ја завршува презентацијата за рекордно време благодарение на Writing Assist, сфаќа нешто важно: животот нема да ви биде хаос додека вашите уреди соработуваат.

Некои таблети служат само за гледање видеа. Некои паметни домови само нудат ветувања. Но Samsung Tab S11 Ultra со апликацијата SmartThings навистина ви помагаат да го преживеете денот, од хаотичните утра, онлајн состаноците, онлајн часовите, па дури и подготовката на вашата вечера, без да го изгубите трпението и времето. Со AI функции кои ги прават секојдневните задачи попаметни, брилијантен екран, прецизно S Pen пенкало и совршена контрола на домот, Galaxy Tab S11 Ultra е мало, елегантно и тенко чудо во вашите раце кое ве прави да се чувствувате како херој во својата приказна.

Затоа, следен пат кога ќе се соочите со утринското лудило, сетете се на Ана. И запомнете: таблетот во нејзината рака не е само уште еден екран, тоа е нејзиното тајно оружје за преживување во модерниот свет.

 

Најнови вести од: Македонија

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

(Фото): УЈП ќе обучува студенти за работа во странство – почнуваат обуки за даночни обврски

Управата за јавни приходи најави организирање обуки за студентите кои работат во странство, со цел подобро да ги разберат своите даночни обврски и права. Од таму информираат дека обуките ќе започнат од понеделник, по средбата меѓу директорката Елена Петрова и претставниците на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и Адам Стојановски.

To top