Македонија

Велешенка јавно се заблагодари за храбрата реакција на двајца полицајци

Пример на херојство во Велес

Жителка на Велес јавно им се заблагодари на двајца полициски службеници од СВР Велес кои, како што наведува, несебично ѝ помогнале при гаснење пожар во нејзиниот автомобил.

Во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук Марија Новкова посочува дека благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионалност, била избегната поголема штета.

„Сакам да изразам јавна благодарност до двајца полициски службеници од СВР Велес, кои несебично ми помогнаа при гаснење на пожар во мојот автомобил. Благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионализам спречија поголема штета. Денес во нив видов вистински пример за несебична посветеност“, напиша Новкова.

На нејзината објава возврати началникот на СВР Велес, Трајче Мехалов, кој ѝ се заблагодари за убавите зборови и јавно изразената благодарност.

„Нашата должност е секогаш да им помагаме на граѓаните кога е најпотребно, а вашата благодарност ни претставува голема чест и мотив да продолжиме посветено да ја извршуваме нашата работа“, наведува Мехалов.

Тој додава дека му е драго што со брзата реакција било спречено случајот да заврши со посериозни последици.

 

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора со план за економски развој на Зелениково и Чучер-Сандево, ќе има и нови инвестиции

Стопанската комора на Северна Македонија ќе им обезбеди поддршка на општините Зелениково и Чучер-Сандево за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и искористување на европските фондови. Меѓу приоритетите се развојот на руралниот и алтернативниот туризам, унапредувањето на инфраструктурата и формирањето заедничка бизнис-заедница.

(Фото+Видео): Мицкоски со „Дојче Телеком“ во Бон разговараше за можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговорите со раководството на Германскиот Телеком во Германија биле насочени кон можностите за нов инвестициски циклус во Македонија, не само во телекомуникацискиот сектор, туку и во области со висока додадена вредност.

(Фото): Блокирани 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Во согласност со доставениот налог, посочува Министерството, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето.

To top