Македонија

Велосипедист пукал неколкупати со огнено оружје во М. И. (18) изминатата ноќ во Чаир, кој е со повреди однесен во Ургентен центар

Се уште нема сознанија за идентитетот на велосипедистот, ниту од кои мотиви пукал кон тинејџерот.

Осумнаесетгодишно момче од Скопје е повредено, откако велосипедист пукал кон него во скопски Чаир. Настанот се случил ноќеска на улица „Методија Митевски“, а бил пријавен во полиција нешто по 1 часот по полноќ. Тинејџерот М. И. бил однесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ од страна на В. И. (28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот.

„Полициски службеници од Полициската станица ‘Битпазар’ извршиле разговор со В. И. (28) од Скопје. Тој изјавил дека на улицата ‘Методија Митевски’ едно лице, кое било со велосипед, неколкупати од огнено оружје пукало кон М. И. и го напуштило местото.“ –  наведуваат од МВР.

На местото на настанот е извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

„Скопје 1.мк“: Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ. Ова го објави порталот „Скопје 1.мк“

To top