Македонија

Ветер откорна покрив на училиште во Гевгелија

Според информациите со кои располага ЦУК, нема повредени лица

 

Поради силен ветер летнала лимената конструкција од кровот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија., објави Центарот за управување со кризи.

Според информациите со кои располага ЦУК, нема повредени лица. Побарана е интервенција од службени лица од МВР, како и од надлежните институции.

За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат понатамошни мерки согласно своите надлежности.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека вчера била добиена е пријава за паднато дрво на улицата „Вера Јоциќ“ во Општина Кисела Вода, во непосредна близина на средното економско училиште „Васил Антевски – Дрен“.

Според првичните информации, паднатото дрво предизвикало материјална штета на три возила и го попречува одвивањето на сообраќајот на наведената локација.

Најнови вести од: Македонија

„Скопје 1.мк“: Туфегџиќ: Јадна е опозицијата, што го врзува опстанокот со Груевски! Тие политички маргиналци и паразити не понудија ништо суштинско за државата!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна“, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски. Според него, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“. „За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас.“ – посочува Туфегџиќ. Ова го објави порталот „Скопје 1.мк“

To top