Македонија

Ветвендосје на Курти победи на изборите, но дали ќе има мнозинство гласови, за да формира самостојно влада на Косово? – Честитка од Меџити

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди, испрати честитка до премиерот Албин Курти по неговата нова изборна победа во Косово. „Добра вест доаѓа од Косово. Уште една победа за Албин Курти и Самоопределување. Албин, големо задоволство е да ја видам вашата нова победа, дури поголема од претходните избори. “ – посочи, покрај другото, Меџити во својата честитка. Тој додаде дека „од Скопје ја потврдува својата поддршка за демократските процеси во Косово“.

Косовската партија Ветвендосје (Самоопределување), предводена од Албин Курти, освои 49,99 отсто гласови на изборите на 93 отсто преброени гласови. Ако успее да добие 50 отсто, или повеќе гласови, тогаш ќе може самостојно да формира влада. Косово денеска гласаше за новиот состав на својот парламент, по вторпат за 11 месеци. Вонредните парламентарни избори беа неопходни, бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9 февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот, ниту да формира влада. Оттогаш новиот парламент остана заглавен, не успевајќи да се договори за изборот на раководството и затоа не можеше да работи.

Курти управува со Косово од 2021 година со реформска агенда, која досега имаше мешани резултати, пренесува германската агенција ДПА. Меѓутоа, тој се надева на нова победа на овие избори како и во 2021 година, кога практично сам можеше да формира влада. Ако не успее повторно да освои мнозинство од гласовите, тогаш ќе се постави пак пред него прашањето: дали клучните политички играчи ќе бидат подготвени овој пат да направат компромис за да овозможат коалициска влада?

„Поранешната српска покраина, чие население е речиси исклучиво составено од Албанци, прогласи независност од Србија во 2008 година по востанието и интервенцијата на НАТО во 1999 година.“ – потсетува германската агенција. Косово е признаено од повеќе од 100 земји, но не од Русија, Србија, Грција или Шпанија. Се смета како можен кандидат за пристапување во Европската Унија, пренесува ДПА.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top