Македонија

Претседателката меѓу светските мајстори на гајда на фестивалот „Гласот на гајдата

Не случајно, во 2024 година традиционалната изработка и свирењето на гајда беа впишани на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО

Вчеравечер, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствувала на второто издание на меѓународниот фестивал „Гласот на гајдата“, во организација на Стефче Стојковски, каде што се сретнала македонските и светските мајстори на овој древен инструмент.

,,Гајдата е дел од нашата песна, оро и празнување, неразделна од фолклорот и културната самобитност во кои се олицетворени нашите обичаи и творештво.

Не случајно, во 2024 година традиционалната изработка и свирењето на гајда беа впишани на Репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО.

Различните музички традиции прозвучеа една покрај друга, а македонскиот мелос ја покажа својата препознатливост во поширокиот културен дијалог со светот”, објави претседателката изразувајќи благодарност до Стефче Стојковски и до сите уметници кои со својата посветеност ја пренесуваат оваа традиција до младите, потврдувајќи дека таа може да опстои само ако продолжи да се изучува и да се изведува.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

To top