Македонија

Вицепремиерот Фетаи остро го осуди случајот со малолетничката во Слупчане

Вицепремиерот Арбен Фетаи „со најголема острина ги осудува тешките и неприфатливи дела на сексуална злоупотреба и уцена врз малолетничка во селото Слупчане, Општина Липково, како што денес беше објавено во медиумите“. Тој изразува целосна поддршка за итните дејства на Министерството за внатрешни работи и очекува Јавното обвинителство да постапи со итност, решителност и професионализам за да ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни, без никаков компромис. 

„Како држава, имаме нулта толеранција кон секоја форма на сексуално насилство, особено кога тоа е насочено кон малолетници. Овие кривични дела не само што го уништуваат животот на жртвата и нејзиното семејство, туку и сериозно ја нарушуваат довербата на граѓаните во државните институции“, се наведува во реакцијата на заменик-претседателот на Владата.

Вицепремиерот Фетаи изразува целосна поддршка за итните дејства на Министерството за внатрешни работи и Полицијата и очекува Јавното обвинителство да постапи со итност, решителност и професионализам за да ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни, без никаков компромис, како и да обезбеди примерни казни во согласност со одредбите на Кривичниот законик.

Воедно, Фетаи нагласува дека жртвата и нејзиното семејство заслужуваат целосна институционална заштита, како и психолошка и социјална поддршка од надлежните институции. Владата ќе се погрижи сите неопходни услуги да бидат обезбедени без никакво одложување.

Заштитата на децата и борбата против сексуалното насилство мора да бидат апсолутен приоритет на целото општество. Вицепремиерот Фетаи ги повикува сите граѓани да пријавуваат секое сомневање или случај на вакви злоупотреби, бидејќи молчењето само ги охрабрува сторителите на овие кривични дела.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Гувернерот Славески: Ќе ја зачуваме макроекономската стабилност и покрај новите ризици

Народната банка внимателно ги следи актуелните трговски и геополитички тензии, особено по ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, кои значително ги зголемија глобалните ризици, предизвикувајќи нов шок на страната на понудата и брз раст на цените на енергијата.

И оние што во летната сезона ќе работат во странство ќе мора да платат данок кон УЈП

Голем број македонски студенти кои во изминатите пет години учествувале во програмите за летна работа во Германија (Work & Travel) се соочуваат со неочекувани барања од Управата за јавни приходи (УЈП) за пријавување и оданочување на нивните приходи остварени во странство, пишува инстаграм страницата Студентарија.

To top