Македонија

(ВИДЕО) Доктор Филипче 12 дена подоцна ,,го породи” Исус

Поводот за овој ироничен текст е вистинската грешка на Филипче која ќе ја видите во видеото

Лидерот на СДСМ Венко Филипче во стил на гинеколог денеска објави дека ,,Бог се родил”, јавува Богдан Илиевски.

Честитајќи го празникот Богојавление кој самиот кажува што се случило денеска според православната историја лидерот на СДСМ вели ,,Бог се роди”.

Сите вистински верници во Македонија, знаат дека денеска верниците си честитаат со ,,Бог се јави” на што се одговара ,,Навистина се јави”.

Само Филипче заради не знаење, лапсус лингва или поради одлука на Централниот одбор на СДСМ денеска честиташе со ,,Бог се роди”.

Овој поздрав вообичаено се користи на Божик на 7 Јануари кога е христовото раѓање.

Поводот за овој ироничен текст е вистинската грешка на Филипче која ќе ја видите во видеото

Најнови вести од: Македонија

Прогонувањето на македонските деца на 30 март 1948 – етничко чистење и насилно бришење на македонскиот елемент од Егејска Македонија

На 30 март 1948 година, во најжестокиот период од Грчката граѓанска војна (1946-1949 година), започна една од најголемите трагедии во современата македонска историја – масовната евакуација и протерувањето илјадници македонски деца од егејскиот дел на Македонија. Приказната за откорнувањето на македонските деца бегалци од нивните родни огништа и краишта е приказна и за македонската голгота кон правдата и иднината, која им беше одземена. Тоа беше приказна црнопис за украденото детство на илјадниците македонски деца, за мајките што никогаш не ги прегрнаа своите синови и ќерки, но и за сиот македонски народ од тој дел на етничка Македонија, кој плати неизмерна цена во обидот да се избори за својата слобода и македонски идентитет.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

To top