Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Државата е енергетски стабилна и подготвени сме за претстојната зима – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на увид на градежните работи на мостот на „Љубљанска“ во Карпош. Најави дека следната недела очекува намалување на цените на дизелот и бензинот, а исто така и ребаланс на Буџетот до крајот на октомври.

  • Што се однесува до државата и предизвикот со енергетската стабилност, ние сме апсолутно, можам да кажам, подготвени. Термоблоковите во Битола и во Кичево сѐ завршуваат со ремонти или ќе бидат завршени до крајот на месецов. Се подготвуваат сите ресурси за да може подготвено РЕК Битола и Осломеј да одговорат на предизвиците. Хидропотенцијалот, ние сме некаде на 40 отсто, што е задоволително ниво за овој период од годината, имајќи ја предвид состојбата во Централна Европа. Есента обично е, би рекол, врнежлива, очекуваме според прогнозите некаде ноември месец да имаме пообилни дождови. Тоа има пак свои предизвици во делот на ископот на јаглен, но ќе се решава – рече Мицкоски.

Зимата, како што додаде се очекуваат снежни врнежи, што потоа повторно би ги наполниле хидроцентралите за да може следната сезона за наводнување подготвени да ја пречекаат на ниво околу 80–85 отсто од својот капацитет.

  • Очекувам кај нас грејната сезона во полн ек да започне некаде втората половина на ноември и тука ќе имаме многу предизвици. Првиот предизвик ќе биде загадувањето, затоа што повторно ќе почнат да се користат разни горива коишто се нееколошки. Тука пред сѐ мислам на дрва, масло, отпад честопати, некогаш и гуми се палат и така натаму и тоа драматично ќе влијае врз квалитетот на на животната средина. Тоа е првиот предизвик и тоа нема да биде само во Скопје, тоа ќе биде така низ цела држава – рече Мицкоски.

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела. Паралелно, од Владата велат дека цената на струјата кај нас ќе остане иста. Се разгледуваат и можностите в година да се продолжи и евтина тарифа.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top