Македонија Бизнис

(Видео): Една година од новиот почеток – премиерот најави инфраструктурен бум и борба против корупција

По повод една година од преземањето на функцијата, премиерот Христијан Мицкоски, се обрати до јавноста со порака дека изминатите 365 дена биле исполнети со предизвици, тешка и посветена работа, но и со силна решителност да се постават темелите на една нова иднина. „Секој почеток е тежок, но секој нов почеток е уште потежок, затоа што […]

По повод една година од преземањето на функцијата, премиерот Христијан Мицкоски, се обрати до јавноста со порака дека изминатите 365 дена биле исполнети со предизвици, тешка и посветена работа, но и со силна решителност да се постават темелите на една нова иднина.

„Секој почеток е тежок, но секој нов почеток е уште потежок, затоа што не почнуваш од нула, туку од минус. Од ден на ден, го градевме фундаментот на промени кои ќе донесат ново време за Македонија – време на ред, просперитет и развој,“ изјави Мицкоски.

Тој порача дека не заборавил од каде доаѓа и колкава е одговорноста што ја носи како премиер, истакнувајќи дека секојдневно се води борба за иднината на македонските граѓани.

„Ова е година на темели – темели на една нова држава во која ќе владеат вредностите, човечноста и почитта. Земја со која ќе се гордееме и која ќе работи за секој еден нејзин граѓанин,“ рече Мицкоски.

Под мотото „1 година од новиот почеток, 1 година градење темели, 1 година за тебе“, премиерот порача дека ова е само почетокот на новото време кое допрва доаѓа, и на најдоброто кое, како што рече, сите го заслужуваат.

– По години на празни ветувања и перманентна политичка криза, не почнавме од нула, туку од минус – од рушевини кои беа оставени зад себе. Наследивме систем што се кршеше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верба, но не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ги поставила првите тули на новите темели со посветеност и љубов кон секој граѓанин, секоја заедница и секој сон.

– Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секоја капка пот, секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина. Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит. Тоа се темелите на новата ера – нагласи тој.

Премиерот додаде дека Владата не ветува брзи решенија, но ветува истрајност и вистински реформи. Оваа година, според него, била година на напорна работа, посветеност, враќање на довербата и стабилизација.

– Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат. Свесни сме за огромните очекувања и за досега многупати изневерените надежи. Се трудевме да изградиме стабилизација која ќе поттикне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес гледаме напред со увереност и срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците – ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе бидат нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна – нагласи тој.

Во завршницата од обраќањето, Мицкоски повторно подвлече дека реализирале или започнале над 250 поголеми проекти и објави дека за повеќе од три пати ќе се зголеми бројот на проекти во следната година.

– Веќе вклучуваме во 5-та, па и 6-та брзина. Очекувам преку 400 проекти, мерки, чекори и реформи во наредниот период. Тие ќе бидат насочени на раст и развој, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, реформи во здравството, големи инфраструктурни зафати, даночна политика, справување со инфлација и трошоците на живот, поддршка за млади, земјоделци, работници, нови домови и возила – посочи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top