Македонија

(Видео): Финансиски стоиме подобро од кога било, иако одредени политички сили шират негативна енергија, вели премиерот

Се надевам дека војната во Заливот ќе заврши и ќе можеме да планираме појасно во периодот што следи, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик, рече премиерот од Битола.

Живееме во прилично предизвикувачко време на две сериозни војни – во Заливот и во Украина, и предизвик е навремено и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенси, вели премиерот Христијан Мицкоски. Сепак, тој посочи дека имаме статистички најниски цени на горивото, поради што и граѓаните од соседните земји се снабдуваат на нашите бензински, а состојбата се следи.

  • „Битолчани се сведоци како дел од соседите доаѓаат тука и ги користат потенцијалите на бензиските пумпи за да ги наполнат резервоарите со гориво, што значи дека ние обезбедуваме и за нив, не само за нашите потреби. Статистички имаме убедливо најниска цена. Некој ќе рече ‘ама колкава е нашата плата, а колкава е цената на бензините и на дизелот’, да, така е, ама тоа е берзански производ и не зависи од претприемачка логика и политиките на влада, тоа е берзански производ и сите од иста берза купуваме. Процесот е како го менаџираме од тој момент додека го користат граѓаните и така било со децении наназад. Така што, тој сеир ќе го оставам на оние што уште живеат во политичко мочуриште, како опозицијата и поедини структури кои овде во Битола се обидуваат од публика да креираат јавно мислење, а притоа, кога можат да направат нешто, не само што ништо не прават, туку и уназадуваат. Тие секогаш ќе останат маргиналци“, кажа Мицкоски во изјава на медиумите по посетата на фабриката „Кромберг и Шуберт“ и увидот во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во Битола.

Премиерот посочи дека инфлацијата е една од сегментите што се случуваат во вакви, како што рече, предизвикувачки времиња, но дека власта се справува. Вели – лага е дека финансиски не стои добро државата.

  • „Во јуни успеавме да имаме најниско ниво споредено со сите држави во регионот. Посебно ме радува што кај храната е околу 2,5 отсто, кај обувките и облеката околу 2,1 процент, односно е под 3 отсто. До 3,4 проценти контрибуираат тутунот, тутунските производи, алкохолот и транспортните услуги поради високите цени на горивата. Се надевам дека ќе заврши ова во Заливот конечно и ќе можеме да планираме појасно во следниот период, но и да продолжи, ние имаме план и доволно резерви како да одговориме на овој предизвик. Од страна на одредени политички сили ќе се шири бран на негативна енергија и тоа впрочем се случува две години. Се сеќавате, ќе банкротиравме 2024, па не тогаш, еве преживеавме, па 2025 ќе банкротиравме, еве сега 2026 ќе сме банкротирале – нема да банкротираме, финансиски стоиме многу подобро од кога било. Па мигранти само што не дошле, еве и јули дојде, но мигрант не видовме, итн. Ќе продолжат со лаги, тоа е дел од нивната политичка стратегија, ние треба да се фокусираме на нашата цел и ако е вистински наша цел ние ќе ја реализираме, битно е да го оставиме срцето на терен, ако го оставиме, тогаш резултати ќе има“, рече Мицкоски.

https://youtu.be/nY0t5Xhffjs

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top