Македонија

(Видео): Инфлацијата се движи помеѓу 4% и 5%, ребалансот на Буџетот ќе се носи еден месец порано, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се исполнети условите да се намалат акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар. За утре во 11 часот веќе е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата.

– Тоа ќе се одрази на Буџетот. Намалената акцииза, ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но во Буџетот има доволно средства, рече Мицкоски.

Најави дека за уште две недели ќе продолжи и мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти, а за понатаму, како што кажа, ќе се следи состојбата и ќе се реагира навреме. Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфлацијата во земјава да се движи меѓу 4 и 5 проценти, нагласувајќи дека владините мерки имаат за цел да спречат повторување на ценовниот шок од 2022 година.

Одговарајќи на новинарско прашање за разликите во цените на горивата и потребата од таргетирани економски мерки, Мицкоски истакна дека тековните политики се насочени кон контрола на инфлацијата и стабилизација на економијата. Тој посочи дека според тековните анализи и дневните следења на пазарот, инфлацијата веќе се стабилизира.

– Врз основа на пресметките кои ги правиме, бидејќи следиме на дневна основа со Државниот пазарен инспекторат, очекуваме тука помеѓу 4 и 5%, рече Мицкоски.

Сепак рече дека според информациите кои ги има Владата, се очекува продолжена криза и мора да се подготвиме за тешка година.

– Министерството за финансии анализира дали може да се намали ДДВ од 5 на 0% за основните прехранбени производи, но мислам дека е подобар еден холистички пристап. Ги следиме процесите, имав состанок со директорката на Комисијата на заштита на конкуренцијата и новиот закон е готов, за 10 пати ќе ги зголемиме глобите, додаде премиерот.

Најави и ребаланс на буџетот во јуни поради кризата на Блискиот исток. Во однос на залихите на гориво, Мицкоски речи дека има доволно понуда иако е зголемена потрошувачката од 15 на 10 проценти.

– Сега засега нема потреба да се воведат препораките од ЕУ. Приоритет е да ја задржиме стабилноста на цената, така што досега овој робусен пристап дава резултати а потоа ќе видиме како ќе се развива кризата. Има сценарија дека кризата може да потрае од година до две, но сето ова ние го анализираме врз основа на тоа ќе носиме мерки, истакна тој.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top