Македонија Бизнис

(Видео): Ќе има повеќе пари за плати, пензии, инфраструктурни проекти, здравство

Ќе има повеќе пари за плати, пензии, инфраструктурни проекти, субвенции, здравство. Владата го донесе ребалансот на буџетот на годинава. За минимален 1% се зголемуваат приходите и расходите на државната каса. Вкупните расходи ќе изнесуваат 6,56 милијарди евра, а вкупните приходи 5,92 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе остане на истото ниво од 4% од БДП или […]

Ќе има повеќе пари за плати, пензии, инфраструктурни проекти, субвенции, здравство. Владата го донесе ребалансот на буџетот на годинава. За минимален 1% се зголемуваат приходите и расходите на државната каса. Вкупните расходи ќе изнесуваат 6,56 милијарди евра, а вкупните приходи 5,92 милијарди евра. Буџетскиот дефицит ќе остане на истото ниво од 4% од БДП или 672 милиони евра. Владата очекува да собере речиси 57 милиони евра повеќе од неданочни приходи, административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи, како и проширување на самофинансирачките активности на институциите.

Од друга страна, капиталните инвестиции се зголемуваат за 4,8 милиони евра и ќе изнесуваат 772 милиони.евра. Најголемо кратење има кај Владата, а повеќе пари ќе добие Министерството за одбрана кај кое има добра реализација на капиталните расходи.

Се зголемуваат и парите за исплата на плати на администрацијата. Овој пораст најмногу се должи на повисоките плати за 10% во Министеството за внатрешни работи. Исто така, предвидени се и повеќе пари за пензионерите. Трансферите од централниот буџет до Пензискиот фонд ќе достигнат 813 милиони евра. Во септември ќе има ново покачување на пензиите, но се уште не се знае колкаво ќе биде тоа.

Вкупните приходи со ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу 1 % повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани на ниво од 403,7 милијарди денари и исто така бележат раст од околу 1%, односно за околу 3,5 милијарди денари, што се должи пред се на развојната компоненета.

  • Со предложените измeни, или ребаланс вршиме реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, дообезбедуваме средства за непречена исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде обезбедивме раст на платите на вработените од 10%. Исто така, се обезбедени дополнителни средства за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци и најважно е обезбедувањето дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи, потенцира министерката за финансии.

Таа појасни дека капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари и се во насока на додавање средства за динамизирање на реализацијата на проектите кај коишто е веќе потврдена добра реализација, пред се во Министерството за одбрана. Исто така, посочи, дека продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините, за кои претходно со донесената Прераспределба беа обезбедени дополнителни 600 милиони денари.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Беџети: Денес го запревме обидот за измена на изборниот закон, насочен против Албанците?!

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Беџети не одговори на обинувањето од координаторот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски дека ДУИ се поправо против независни кандидати на локалните избори и оти ним им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи

(Видео): Изгасивме еден куп пожари кај Јажинце, вели Ангелов

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, кој цела ноќ бил на терен заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, изјави дека лично со својот возач и седум жители на Рогачево учествувал во гаснењето на левата огнена линија.

Меџити: ДУИ од една страна ги критикува Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, а од друга страна сака преку нив да се врати на власт!

Меџити ја обвинува ДУИ дека се обидува постојано да злоупотреби разни прашања, како што се прашањето за законот за јазици, прашањето за балансерот и други, со цел да создаде впечаток во јавноста, како што вели, дека „албанското прашање е деградирано“.

Зошто ниту еден универзитет од Македонија го нема Шангајската листа?!

Сега, по моја проценка, на универзитетите се запишуваат значителен број деца кои немаат предиспозиции за студирање. Редовни професори во поодминати години предаваат по три и повеќе предмети на додипломските студии, пишува Трајко Славески.

Мицевски: ДУИ не сакаат независни кандидати на локалните избори, им пречи и прагот од 0,5 отсто за потребни потписи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Мицевски на општествената мрежа го прецизира уште еднаш ставот на ВМРО ДПМНЕ дека единствено е важно учеството на сите заинтересирани граѓани под еднакви услови и да се надминат правните толкувања и правните недоречености на овој план

Не поминаа измените на Изборниот законик

Собранието не го донесе законот за изменување и дополнување на Изборниот законик. Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, односно од 67, но бидејќи  станува збор за закон кој се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички […]

To top