Македонија Бизнис

(Видео): Кога ќе почне да се гради брзата пруга која граѓаните со душа ја чекаат?!

Македонија ќе има годишен приход од 100 до 120 милиони евра само во товарниот сообраќај со предвидената изградба на брзата пруга на Коридорот 10, изјави во гостување на Сител директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски. Според него „целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа“. Се очекува […]

Македонија ќе има годишен приход од 100 до 120 милиони евра само во товарниот сообраќај со предвидената изградба на брзата пруга на Коридорот 10, изјави во гостување на Сител директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски. Според него „целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа“.

  • Се очекува годишен приход од 100 до 120 милиони евра само во товарниот сообраќај заради тоа што пристаништата во Атина, Солун, Александропулос и во Кавала постојано бележат нагорна линија, најбрзиот пат е преку Македонија, треба да ја искористиме нашата позиционираност – посочи Ивановски.

Набавката на брзите возови, како што рече, е одговорност на МЖ Транспорт.

  • Сигурно дека за пет години од сега мора да имаме нови возови, не само тоа, ние со постоечките возови нема да можеме да влеземе во Европската унија. Мора да се набават возови и локомотиви што ги исполнуваат стандарите и тоа е во планот на Владата, да се набават нови возови – рече Ивановски.

Според директорот на МЖ Инфраструктура, за пет години ќе се заврши и реконструкцијата и изградбата на новата пруга, а и двете ќе се користат и за патнички и за товарен сообраќај. Тој најави дека во септември ќе има првични геолошки активности и истражувања на терен, а механизација доцна наесен.

  • Најидеален дел каде да се гради е до постоечката пруга, сигурно ќе има потреба од експропријација, но ќе се трудиме тоа да го сведеме на минимум и да нема проблеми. Од друга страна, тоа што ќе се гради до постоечката пруга е веќе пат што е трасиран и проблемите на терен се веќе познати. Постојните 235 километри ќе се трудиме да ги намалиме на 200 и под 200 километри, секаде каде ќе има можност ќе се исправат кривините – рече Ивановски.

Тој најави дека ќе бидат вградени 30 проценти британски компоненти, што, потенцира, ни одговара бидејќи се на второ место по квалитет во светот.

  • Сигурен сум дека премиерот ќе има состаноци со сите стопански комори, ќе биде понудена соработка и ќе има простор за вклучување на секоја македонска компанија – посочи Ивановски.

Ивановски истакна дека во план на Владата е да се набават брзи возови кои ги задоволуваат европските стандарди и образложи како ќе се движат и на кои станици би застанувале патничките возови.

  • Брзите возови се одговорност на МЖ транспорт, мора да се набават возови, локомотиви кои ги задоволуваат тие стандардите и тоа е во планот на Владата да се набават тие возови. Пред се постоечката пруга ќе се реконструира целосно, ќе ја искористиме трасата да дојде до 160 км на час и ќе се направи уште една паралелна согласно можности по двете ќе се користи и товарен сообраќај и патнички сообраќај. Ќе видиме согласно проектот што е можно помалку, но во исто време ќе имаме и конектори, Скопје сигурно ќе го поврземе, аеродромот Петровец, сигурно ќе биде во Велес и во Гевгелија, но во втора фаза ќе го пуштиме Кочани спрема Штип до Велес да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај.

Бројот на станици за застанувања на патничките брзи возови ќе се утврди со проектот, но како што рече, што е можно помалку, но во исто време ќе има и конектори. Целта е, појасни, да има брз и ефикасен транспорт поради што Министерството за транспорт во соработка со соседните држави ќе направат сè што е можно да има само едно застанување. Во однос на изградбата на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија Ивановски повтори дека и покрај многуте барања што ги испратил до раководството на бугарската железница да дојдат на средба за да се дефинира техичкото решение нема позитивен одговор. Во последниот допис што му го испратиле, рече дека му посочиле во иднина комуникацијата да биде преку Амбасадата и Министерствата за надворешни работи и за транспорт.

  • Ми дојде непријатно, дури да се извинам што пишувам воопшто покана, ако нешто сакаат да работиме, да работиме. На крајот на денот ние и реално работиме. Првата фаза Куманово – Белјаковце со австриски „Штрабаг“ ја завршивме, на втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка со турски „Ѓулермак“ војни водам, но пак работиме, споро но одиме напред. А нивното „домашно“ е само 500 метри од Ѓуешево до граница кое не се случува, а и од Софија до Ѓуешево нивната пруга е во страшно лоша состојба.

По надминување на проблемот со Бугарија, најави дека фокусот ќе биде на пругата кон Албанија со која користиме заеднички грант од ЕУ за техничко решение, а како што рече, имаме коректна комуникација.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top