Македонија

Видео на денот: Ангелов „колатерална штета“ на хеликоптер за гасење пожар

Воздухопловот на МВР што дејствуваше врз огнот близу границата со Косово го истушира директорот на ДСЗ

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска беше „колатерална штета“ на хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи што го гасеше пожарот близу границата со Косово.

Во видеото на денот споделено на неговата страница на Фејсбук, Ангелов буквално на своја кожа ја почувствува ефикасноста на хеликоптерот откако беше истуширан со исфрлената вода врз огнот на местото Рамно, кадешто огнот гори ниско и има зафатено трева и лисја, но не и дрвја, а ветерот го носи чадот кон Скопска Црна Гора.

Моментот на „разладувањето“ на првиот човек на ДЗС на линкот.

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top