Македонија

(Видео): Над 20 куќи и плевни изгореа, неколку жители побарале помош

Речиси цела Македонија е во зона со висок ризик од пожари. Активни се неколку пожари, а огнената стихија кај Чаниште предизвика штети.

Речиси целата територија на Македонија е во зона со висок ризик од пожари поради екстремно високите температури. Според метеоролошкиот индекс на пожар, најголемиот дел од државата е означен со портокалова боја, што укажува на висок степен на опасност од појава и ширење пожари на отворен простор. Борба за манастирскиот комплекс во тетовско Туденце. Во недостиг од противпожарни екипи, пожарот го гаселе доброволци од Скопје, Гостивар и Тетово. Според Дирекцијата за заштита и спасување, нивната помош била клучна пожарот да не напредува до самиот манастир. Критична била состојбата и во мариовско Чаниште, каде што биле опожарени повеќе од 20 куќи и плевни. Четворица жители побарале медицинска помош поради вдишување чад, постои сомнеж дека пожарот бил подметнат….

Зголемениот број пожари дополнително го вклучи алармот кај надлежните институции. Од Центарот за управување со кризи информираат дека е издадено портокалово предупредување поради висок ризик од пожари на отворен простор.

  • „Поради ваквите временски услови, постои висок ризик од појава и ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет на целата територија на Македонија. Апелираме на особена внимателност“, велат од ЦУК.

Препораките на надлежните се да не се пали оган на отворен простор и во близина на сува трева или шума. Граѓаните, доколку не мораат, да не се движат во високоризичните подрачја, а доколку забележат пожар, да го пријават на 112. Покрај пожарите, земјава се соочува и со топлотен бран, проследен со тропски температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека високите температури ќе продолжат и во следните денови. Инаку, пожарите кои ја зафатија земјава во текот на неделава, според информациите од надлежните институции, се гаснат од земја и од воздух. На терен е мобилизирана целата расположлива механизација.

Во изминатите 24 часа во земјава се регистрирани 29 пожари на отворен простор. Од нив, шест се активни, еден е ставен под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има:

  • во Општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер;
  • во Општина Македонски Брод кај месноста Видуш и селата Драгов Дол, Локвица и Девич;
  • во општините Велес и Зелениково кај селата С’лп, Горно Село, Карабуниште, Бузалково, Добрино и Тисовица;
  • во општините Јегуновце и Сарај кај селата Копанце, Туденце и Бојане;
  • во Општина Прилеп кај селото Чаниште;
  • во Општина Долнени кај селата Вранче и Бело Поле.

Под контрола е ставен пожарот на депонијата во Делчево.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top