Македонија

(Видео): Од понеделник пак ќе се мрзне по автобуските постојки, се редуцираат автобусите поради долг

Дали ќе има редуциран возен ред и гужви на автобуските постојки од понеделник, останува нејасно но граѓаните кои користат јавен превоз треба да бидат подготвени и за ваква можност. Се работи за милионски долг.

До понеделник 6 октомври 2025  година доколку не биде исплатен долгот кон приватните превозници во Град Скопје, нивниот возен ред ќе биде намален за 70 проценти. Тие ќе возат само прва смена од 5 до 10 часот, соопшти денеска  опственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во моментов се доспеани 90 милиони денари.

Долгот кон нас не е подмирен од април, односно од пред шест месеци. Ако вработените на ЈСП можат да издржат без плата шест месеци ние не можеме. Денеска имавме план да прекинеме со возење, но сакаме да бидеме коректни кон граѓаните на Скопје и ќе чекаме до понеделник. Доколку ни се уплатат средства ние сакаме да работиме и ќе продолжиме да возиме. Ни треба уплата веднаш од ЈСП, истакна Зафировски.

Доколку не се исплатат парите до понеделник, приватниците рекоа дека ќе се редуцира возењето, односно трите компании ќе возат само прва смена со 30 проценти капацитет, се до исплатата на долгот.

Директорот на ЈСП Скопје Драги Кушовски, кој им дојде на прес-конференцијата на приватните превозници, рече дека е позната состојбата во која се наоѓа ЈСП и дека тоа не е никакво оправдување, но нагласи дека кон приватните превозници се исплаќаат долговите согласно нивните можности.

  • Од како сум јас директор, долгот се намалува и не е тој што беше кажан од приватните превозници. Траба да се престане со манипулација на граѓаните и дека ЈСП располага со возниот парк кој што располага и ги пушта сите автобуси што ги има. Недостаток на автобуси знаеме дека има, а ние да пуштаме наши автобуси да бидат полни за да се штедат приватните автобуси за да не се амортизираат, тоа не е дозволиво. Треба да бидат коректни кон граѓаните, а не да се влечат позади автобусите на ЈСП. Долгот кон сите тројца приватни превозници е околу 60 милиони денари, истакна Кушовски.

На ова реагираа приватните превозници дека долгот е поголем поради што настана надвикување која информација е точна. И двете страни бараа да се покажат уплатите, но се остана само на зборови. Директорот на ЈСП ги праша дали имале средба и дали се договориле дека исплатата ќе се врши според можностите на ЈСП, приватниците потврдија, но рекоа дека не им е исплатена сумата, односно им е исплатен само мал дел од долгот.  Вчера им биле исплатени по 300 илјади денари, а пред пет недели по 10 милиони денари за долгот од март. Превозниците на директорот му посочија дека не можат да ги покријат долговите кон бензинските пумпи и дека веќе им се најавени извршители. Еве дел од караницата меѓу директорот на „ЈСП Скоппје“ и приватните превозници. Видеото на Инстаграм го објави порталот Фактор.

https://www.instagram.com/reel/DPWS9WRjUXq/?utm_source=ig_web_copy_link

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Реализирани 60% од новиот граничен премин „Маркова Нога – Лемос“

Активностите од грчката страна за изградба на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа се планира да се завршат до февруари 2028. Сепак, ќе видиме како ќе напредува тоа, ова е Балкан, рече евроамбасадорот Михаилс Рокас. Тој заедно со високи државни функционери и претставници на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), ја посетија Преспа по повод Светскиот ден на животната средина. Тиеизвршија и увид врз градежните работи за реконструкција и пуштање во употреба на преминот кај Маркова Нога на македонскиот дел од границата.

Наскоро бесплатен роаминг за македонските граѓани во ЕУ

Проширувањето на зоната без роаминг се претставува како доказ за европската посветеност кон регионот и како уште еден чекор во постепената интеграција на Западен Балкан во европските политики. За многумина аналитичари ваквите мерки се дел од концептот на „интеграција пред членство“ – процес во кој земјите кандидати добиваат пристап до одредени европски политики уште пред формалното зачленување во Унијата.

Режисери на сопственото време: Кога денот добива нова димензија

Модерното живеење нè научи дека вистинската слобода е во изборот. Без разлика дали сте дома, во кафуле или во движење, очекувате вашата забава да биде достапна во секој момент. Можноста да „паузирате“, „премотате“ или да гледате нешто подоцна веќе не е луксуз, туку стандард.

(Фото): Започна Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој претходно неделава ги посети сите земји од регионот, нагласи дека неговата втора посета на Западен Балкан откако е на оваа функција ја потврдува континуираната посветеност на Европската Унија кон регионот.

Македонските аеродроми рангирани меѓу најбрзо растечките во Европа

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), додека бројот на летови порасна за 9,5% со вкупно 10.595 опслужени летови.

Жена и маж завршија под автомобил на „дивиот пешачки премин“ кај Бит Пазар (ВИДЕО)

Граѓаните бараат преминот конечно да биде легализиран и соодветно обележан со бели линии, вертикална сигнализација и семафори, со цел да се намали ризикот од нови сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на пешаците

Со камери ќе се „ловат“ уништувачите на детски игралишта и урбана опрема (ВИДЕО)

Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани

To top