Македонија

(Видео): Ова е хибриден напад врз државата, Ангелов се сомнева дека пожарите се подменати

Нема повредени лица во пожарот во Трубарево, не се дозволува негово ширење, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар.

Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар.

  • Денеска попладне изби тежок пожар во фирмата „Ф-Групација“, која се занимава со електронски отпад. Има два погони во скопското село Трубарево, кои беа зафатени од огнот. Исто така имаше поголема количина на пластика, кои даваа густ и црн, а верувам и токсичен чад. Веднаш до нивните објекти се наоѓаат уште два објекти, во кои има поголема количина пластичен отпад и кои делумно се зафатени од пожарот. Нема повредени лица, рече Ангелов. 
  • Од тие причини сите ресурси кои ги имавме на располагање во Град Скопје итно ги насочивме кон овој голем пожар. На терен се наоѓаат најголем дел од противпожарните возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три БТР, еден хермелин, а цело време дејствуваат еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и еден ер трактор на ДЗС, кои со прецизно фрлање на водата и со специјална пена за гаснење на вакви тешки пожари, помагаат да се намали горењето и не дозволуваат ширење на огнот, нагласи Ангелов.

Тој иинформира дека побарале помош и од соседните противпожарни единици и очекуваат дополнителен број на противпожарни камиони кои ќе помогнат во смена на веќе изморените пожарникари, кои дел се во овој густ црн чад со специјални заштитни маски и боци кислород за дишење.

Според него, од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар.

  • Според мојата перцепција од терен се работи за намерно подметнат пожар. Повеќе од сигурно за намерно подметнат пожар бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Според мене, ова е хибриден напад врз државата бидејќи да се случат вака тешки пожари кои предизвикуват големо загадување на воздухот во главниот град, ќе потсетам прво депонијата „Вардариште“, депонијата „Дрисла“, вчера депонијата во Шуто Оризари, денес оваа фабрика. Се работи за намерно подметнат пожар. Ние сме мета на хибриден напад, за мотивите може само да погодуваме. И МВР и останатаите служби од областа на безбедноста работат на откривање на сторителите и спречување на идни вака намерно предизвикани пожари, појасни Ангелов.

Апелираше до сите граѓани да го пријават секое сомнително поведение, како лица кои носат туби или шишиња со жолта течност која може да биде бензин или други лица кои се однесуваат сомнително особено околку вакви објекти. Граѓаниите да пријавуваат во полициска станица или на бројот 112.

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top