Македонија Бизнис

(Видео): Планина поместивме да го изгрaдиме патот Фариш-Дреново, рече Николоски

Делницата Дреново-Фариш требаше да биде пуштена во сообраќај во март годинава, но поради безбедносни причини работите се одолговлечија уште три месеци, со што сега граѓаните имаат на располагање целосно безбеден и модерен пат.

Изградбата на втората фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, односно делницата од Дреново до Фариш беше еден од најкомплексните проекти кои во моментов се градат во Македонија, а во последните година дена се направи повеќе отколку во сите 9 претходни години, истакна во вечерашното гостување во “Тема на денот”, на ТВ Сител, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

  • Се работи за комплексен проект, но причините зошто доцнел се бројни, од промена на изведувач, се сеќавате дека овој проект го следеа и бројни контроверзии во однос на претходниот изведувач, имаше обвинувања дури и за корупција, но суштинскиот проблем е затоа што немало посветеност. Се работи за вториот најкомплексен проект кој што во моментов се работи во Македонија, после Охрид-Кичево, затоа што се пробиваше патот низ Дреновската Клисура, и дополнутелно патот се пробиваше низ планини и низ карпи, рече вицепремиерот Николоски.

Делницата Дреново-Фариш требаше да биде пуштена во сообраќај во март годинава, но поради безбедносни причини работите се одолговлечија уште три месеци, со што сега граѓаните имаат на располагање целосно безбеден и модерен пат.

  • Првичниот проект според мене беше лош, затоа што цела планина надвиснуваше над експресниот пат, и минатата година ние одлучивме дека нема да правиме заштита со мрежа, или со одредени челични сајли кои што беа предложени, туку дека едноставно ќе ја поместиме планината за да имаме безбедност. Имаше една чудна коинциденција. Ние почнавме за ова да размислуваме некаде околу септември-октомври, кога имаше поделени мислења од одредени инженери. И јас и премиерот од прв ден бевме на мислењето дека треба да имаме безбедност на начин што ќе се отстрани тој дел од планината. Откако се случи онаа несреќа во Нови Сад со железничката станица, сите се сложија на нашето мислење, затоа што и таму беше со челични сајли онаа настрешница, па за жал заврши трагично. Затоа одлучивме од Градско до Дреново да го пуштиме во јануари, а овој дел наместо во март, како што беше првично планирано, да го пуштиме еве крајот на јуни, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот додаде дека со изградбата на оваа делница, од Прилеп до главниот град ќе се стигнува за 1 час и 10 минути, а со завршувањето на изградбата на автопатот Прилеп-Битола – кон крајот на 2027 година, од Битола до Скопје ќе се стигнува за 1 час и 30-40 минути.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

To top