Македонија

(Видео): Пожарот во Трубарево го изгасивме за помалку од 30 часа, институциите делуваат и ќе се справиме, рече премиерот

Премиерот Мицкоски посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено сметот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже, посочувајќи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните, рече премиерот.

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ говорејќи за последните случувања со пожарите на депониите истакна дека за пожарот во Трубарево експертите кажувале дека се потребни најмалку 7 дена да се изгаси, но со здружена акција на институциите истото се среди за помалку од 30 часа и додаде дека институциите делуваат и државата ќе се справи со овие предизвици.

  • „Во Трубарево нема чадење уште во текот на вчерашниот ден, а ако одите од првиот ден наназад и направите анализа, тогаш ќе добиете информација од страна на овластени лица за таа цел во којашто тие велеа тогаш дека најмалку ќе ни требаат 7 до 10 дена за да се стави целата работа под контрола, но со организирана активност на институциите заедно со пожарникарите за помалку од 30 часа се стави состојбата под контрола, односно веќе немаше чадење“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека верува дека во Трубарево работата е завршена и дека има одреден слој на земја кој го има покриено сметот кој гореше и состојбата е стабилизирана, додека параметрите на загадување се далеку од тие кои се обидуваат со шпекулации и невистини да ги соопштува во јавноста опозицијата и не се животозагрозувачки како некој што се обидува тоа да го каже, посочувајќи дека ова не го кажува за да го оправда пожарот, туку да внесе мир и спокој кај граѓаните бидејќи тоа што се обидува опозицијата да го направи е да внесе немир, а реалноста е сосема поинаква.

  • „Во Вардариште, таму имаме веќе агенција која го обезбедува периметарот на депонијата која почната е да се создава веднаш по земјотресот во Скопје, значи тоа е проблем стар повеќе од 5 децении. И конечно останува Дрисла, денеска сум на линија со луѓето кои таму се обидуваат да го решат проблемот и некаде околу 95% е намалено чадењето и очекувам во текот на утрешниот ден и таму да биде решена целосно состојбата. Така што можам да кажам дека со здружена акција на институциите, овие три жаришта се решени иако ниту едно не е надлежност на државата, посебно тука зборувам за Дрисла“, нагласи премиерот Мицкоски.

Во однос на одговорноста, премиерот Мицкоски посочи дека за таа цел околу десетина луѓе од раководната служба на Дрисла се повикани на разговор во СВР Скопје, се анализираат нивните изјави и исто така се очекува во текот на утрешниот ден да дадат искази како кога настануваат пожарите дел од опремата на Дрисла оди на сервис и е неподготвена за предизвиците и како луѓето земаат боледување, а активисти блиски до СДСМ и ДУИ ја посетуваат Дрисла.

  • „Така што сето ова во периодот кој следи ќе биде истражено и ако некој мисли дека ќе помине неказнет, тогаш се лаже. Што се однесува за Трубарево таму четири лица се приведени и има притвор, а исто и со приведените за Вардариште за кои е одреден притвор“, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот додаде дека од Министерството за животна средина е издадена наредба до инспекторатот за вонредна контрола за сите депонии кои имаат лиценца, дали работат по закон, ако не работат да биде одземена дозволата, а за дивите депонии се задолжени општините да ги исчистат.

Најнови вести од: Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

Национален дата центар е обврска од реформската агенда

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци

To top