Македонија

Видео: Се чисти депонијата во Радуша!

Никогаш нема да дозволиме неодговорност, негрижа или нечии манипулации да го загрозат здравјето и безбедноста на нашите сограѓани.

Денес, во голема и координирана акција, се отстранува површинскиот отпад од долгогодишната депонија во Радуша, локација околу која изминативе денови се создаде непотребна паника и се пласираа тврдења дека наводно е загрозена водата од изворот „Рашче“ – објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Објавата на социјалните мрежи ја пренесуваме во целост:
„❗️Уште еднаш јасно да потенцирам: депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот „Рашче“ и не претставува основа за тврдењата што се ширеа во јавноста.
🫵 Но, кога станува збор за здравјето, сигурноста и спокојството на граѓаните, за нас нема „туѓа надлежност“. Иако чистењето на оваа локација не е обврска на Град Скопје, денес сме на терен и ја чистиме.
❗️Истовремено, сакам уште еднаш да бидам целосно јасен:
водата во Скопје е безбедна за пиење!
💧Секојдневно се вршат детални анализи во една од најсовремените лаборатории со која располага ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Резултатите се јасни и нема простор за паника, шпекулации или ширење страв меѓу граѓаните.
🚔 Оние случаи кои во текот на вчерашниот и денешниот ден создадоа вознемиреност и паника меѓу скопјани, веќе разговараат со надлежните органи.
Скопје е безбедно и така ќе остане.
Никогаш нема да дозволиме неодговорност, негрижа или нечии манипулации да го загрозат здравјето и безбедноста на нашите сограѓани.
Ќе реагираме секогаш, навреме и одговорно. Затоа што кога станува збор за Скопје и за луѓето кои живеат во него, нема компромиси.
♥️ Скопје го чуваме. Скопје го штитиме. Заедно!“ напиша таткото на Градот.

Најнови вести од: Македонија

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи – командантите на косовската УЧК!

„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на УЧК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! УЧК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство.“ – со оваа реакција се огласи денес сопретседателот на партијата Вреди Изет Меџити во објавата на фејсбук.

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top