Македонија Бизнис

(Видео): Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива, вели Николоски

Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија претставува дипломатска и историска победа за Македонија, рече Александар Николоски, вицепремиерот на Владата и министер за транспорт и врски, во интервју во „Топ тема“ на Телма. Според него, кога една држава добива кредит тоа значи дека другата страна верува во нејзината способност да се развива и редовно да […]

Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија претставува дипломатска и историска победа за Македонија, рече Александар Николоски, вицепремиерот на Владата и министер за транспорт и врски, во интервју во „Топ тема“ на Телма. Според него, кога една држава добива кредит тоа значи дека другата страна верува во нејзината способност да се развива и редовно да ги сервисира своите обврски. Тој нагласи дека кога се добива поддршка од страна на Велика Британија тоа значи дека имааат доверба во нашата економска стабилност и иднина.

  • Нема Велика Британија нас да ни дозволи ние да се презадолжиме и да не можеме да ги враќаме обврските. Кога добивате кредит тоа меѓудругото е и доверба на другата страна, значи другата страна има доверба во вас како држава, дека вие имате перформанс и дека ќе се развивате соодветно да може да го враќате тој кредит“, посочи Николоски.

Николоски потенцираше дека многу е значајно што Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива. Тој нагласи дека целта на договорот првично е да се реализираат инфраструктурни проекти во делот на транспортотот и здравството.

  • За мене е многу значајно дека Велика Британија препознава дека Македонија може да се развива со темпо коешто може да издржи пет милијарди фунти, доколку одиме со сите пет милијарди фунти потенцијално задолжување. Ние во моментов нема да одиме со повеќе од 2 милијарди фунти вкупно, затоа што и ние правиме свои проекции како би се одвивала целата работа, но се разбира во периодов којшто е пред нас би ги користеле и останатите 3 милијарди фунти за други проекти“, заклучува Николоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

To top