Македонија

(Видео): Владата најавува нов ребаланс до крајот на месецов – Од каде ќе се крати?!

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните.

Порасна процената за недостигот на приходи во државниот буџет. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека кусокот поради намалените приходи од акцизите и ДДВ може да достигне меѓу 7 и 8 милијарди денари, односно до околу 130 милиони евра. Наспроти ова, дизелот поевтинува за 3, а бензините за 1,5 денар за литар, одлучи Регулатрорната комисија за енергетика. Во просек, малопродажните цени на горивата се намалуваат за 1,85%. Премиерот рече дека како држава остануваме со најниски цени кога станува збор за дизел горивото и безоловниот бензин. Во однос на ребалансот на буџетот, Мицкоски рече дека се намалуваат и расходите и приходите.

  • Отприлика од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално, тоа си има своја цена. Цената е отприлика 7 до 8 милијарди денари, и затоа, за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата, изјави Мицкоски.

Во меѓу време, Владата преговара и со Окта за дополнителен попуст, оти како што вели премиерот, Македонија има најниски цени на горивата во регионот.

Поради намалените буџетски приходи за околу 7 до 8 милијарди денари по основ на акциза и намалено ДДВ за горивата, премерот за месецов најави ребаланс на буџетот, оти како што рече, за Владата прв приоритет е стандардот на граѓаните. Што се однесува до предизвикот со енергетската стабилност, премиерот рече дека земјава е подготвена да одговори на предизвиците.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, претходно изјави дека до крајот на годината не се очекува промена на проекцијата за економскиот раст, буџетскиот дефицит и задолжувањето. Како и да е, до крајот на овој месец ќе биде познато од каде ќе се надомести намалувањето на приходите, каде ќе се скратат расходите и дали ќе остане непроменета проекцијата за буџетскиот дефицит.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Средбата со младите правници е дел од серијата разговори што тие ги иницираа со личности кои учествувале во создавањето, толкувањето и изучувањето на Уставот

To top