Македонија

Видео: Во гума од комбе сокриле килограм хероин

Македонец уапсен во Албанија, полицијата го привела заедно со Албанец

Македонски државјанин од Струга е уапсен во Албанија откако полицијата во Елбасан во комбе открила еден килограм хероин, за кој се сомнева дека бил прошверцуван преку нелегален премин на македонско-албанската граница.

Албанската полиција соопшти дека акцијата била реализирана на патниот правец Булќиза–Либражд, каде што било запрено сомнително комбе за рутинска контрола.

Во возилото се наоѓале 32-годишниот Л.Г. од Струга и 45-годишниот А.Б. од Драч, а при деталниот претрес полицајците откриле дека во една од гумите бил скриен еден килограм хероин.

„Сомнителното возило, во кое патувале државјанинот од Република Македонија, Л.Г.(32) од Струга и албанскиот државјанин А.Б.(45) од Драч, било запрено за проверки на патниот правец Булќиза-Либражд. При контрола во гума на возилото откриени и запленети се килограм хероин, прошверцуван од македонска на албанска територија, преку зелениот појас на границата“, се наведува во полициското соопштение

Според истрагата, наркотикот бил наменет за продажба на албанскиот нарко-пазар.

Покрај хероинот, полицијата како материјални докази ги одзела и комбето од марката „Фиат“, два мобилни телефона, како и 40.000 албански леки, 50 евра и 290 македонски денари.

Целокупната документација е доставена до Обвинителството во Елбасан, кое ќе ја води понатамошната постапка.

Уапсените ќе одговараат под сомнение за кривичното дело „трговија со наркотични супстанции“, согласно албанското законодавство.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top