Македонија

Владата го усвои предлог-законот за јавно обвинителство

Измени во постапката за избор на Јавен обвинител, со јасно дефинирани критериуми и механизми што обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап

Владата на денешната седница го усвои предлог-законот за јавно обвинителство, информираат од тамошната прес-служба. Ова е еден од клучните чекори во спроведување на реформската агенда од Областа 5 – Фундаментални вредности, со посебен фокус на владеење на правото.

Со донесувањето на овој закон, се прави значаен исчекор во зајакнувањето на независноста, ефикасноста и отчетноста на јавното обвинителство, како столб на правниот систем и гарант за заштита на јавниот интерес.

„Со новото законско решение се воведуваат измени во постапката за избор на Јавен обвинител, со јасно дефинирани критериуми и механизми што обезбедуваат транспарентен, инклузивен и мерит-системски пристап при изборот на најквалитетните кандидати. Во законот се вградени релевантните препораки, со цел процесот да биде ослободен од политички влијанија и заснован исклучиво на стручност, интегритет и професионален кредибилитет“, велат од Владата.

Дополнително, законот предвидува прецизни и обврзувачки рокови за постапките за избор, унапредување и се поведува принцип на категоризација на дисциплинска одговорност на јавните обвинители, што придонесува за поголема правна сигурност, предвидливост и функционалност на системот, а воедно и поголема одгорност на самите јавните обвинители.

Како што информираат од Владата, на овој начин се зајакнува довербата на граѓаните во институциите и се воспоставува појасна одговорност во работењето на Обвинителството.

„Владата останува цврсто посветена на реформите во правосудството како приоритет од највисок јавен интерес и како неопходен предуслов за напредокот на државата на европскиот пат“, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Усвојувањето на предлог-законот за јавно обвинителство е конкретен доказ за определбата да се градат независни и професионални институции, во служба на граѓаните и владеење на правото.

Законот е резултат на сеопфатен процес на анализа, консултации и усогласување со европските стандарди и најдобрите меѓународни практики.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top