Македонија Бизнис

Владата одлучи целосно да го ослободи увозот на стоки од САД, од кога?!

Од 1 јули треба да стапат на сила нови пониски царински стапки за увозни производи и репроматеријали за автомобилска, металопреработувачка индустрија и енергетиката усогласени со царините на Европската Унија. Ова го предвидува Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа кој поминал на владина седница. Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието […]

Од 1 јули треба да стапат на сила нови пониски царински стапки за увозни производи и репроматеријали за автомобилска, металопреработувачка индустрија и енергетиката усогласени со царините на Европската Унија. Ова го предвидува Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа кој поминал на владина седница. Предлогот е веќе испратен на усвојување во Собранието и се очекува да биде навреме донесен за да стапат на сила веќе наредниот месец.

Станува збор за 67 стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во нашите индустриски капацитети, особено во секторите на автомобилската, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката, односно одделни производи потребни за производство на високо финални производи со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија.

Пресметката е дека земјава годишно ќе губи вкупно 2 милиони евра од намалените царински стапки на овие 67 производи. Целосното усогласување на церинските стапки со ЕУ вкупно ќе има финансиски имликации од 4 милиони евра годишно. За годинава, заедно со ослободувањето од царините на стоките увезени од САД  во буџетот ќе влезат помалку 4,7 милиони евра.

Димитриеска Кочоска даде пример за тоа што значи намалување од 50% на царинската стапка на производите.

  • Тоа е  50% од разликата на нашата царинска стапка со европската или пластично објаснето ако нашата царинска стапка е 20%, а царината на Европската Унија е 10%, тогаш новата царинска стапка ќе изнесува 15% – информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека царинската стапка на литиум јонски батерии ќе се намали од  15% на 2,7%.

  • Со што директно помагаме во енергетскиот сектор. Ова, од причина што батериите стануваат клучен елемент во балансирањето на енергијата, системските услуги како и во планирањето на предавањето во мрежа на енергијата од обновливи извори на енергија со цел одржување на стабилноста на системот, но и осигурување на физибилноста на обновливите проекти – рече Димитриеска Кочоска.

Во рамки на измените на царинските стапки, владата предлага целосна либерализација на  увозот на стоки од САД.

  • САД се стратешки партнери на нашата земја и соработката со нив е значајна од секој аспект поради што Владата e пoдготвена да го прошири и продлабочи блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности и да воспостави трајна соработка врз основа на заемен интерес – нагласи  Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека разговорите со САД се во тек, па за тоа дали ќе има реципроцитет од стана на САД дополнително ќе информира Министерството за надворешни работи. Димитриеска Кочоска изјави дека во моментов во над 60-те тарифни ознаки не се опфатени прехранбени производи, но во делот што значи нула проценти царинска тарифа за САД се вклучени, иако увозот со САД на замрзнато месо не е голем.

  • Таму имаме увоз пред се на замрзнато месо, иако се многу мали количините. Но, имаме увоз и доколку имаме поголем интерес, да кажеме има конкуретна способност која било од компаниите да увезува тоа и да продава по цени исти или пониски од оние што ги имаме на пазарот, тоа за нас е позитивно. Затоа што ние пред се како граѓани ќе добиеме пониски цени на прехранбените производи и да тоа секако е една од целите коишто сакаме да ги постигнеме – рече Димитриеска Кочоска.

Според неа, измените на царинските стапки и изборот на стоките се направени во координација со стопанските комори и во рамки на процесот за усогласување на царинските стапки со Европската Унија.

  • Приоритет на оваа Влада е да креираме политики со кои ќе  создадеме поволно и предвидливо бизнис окружување за сите компании, вклучително и за домашните и странските компании и на таков начин да изградиме силна економија – рече Димитриеска-Кочоска.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Нема криење на гориво – засилени контроли и кај трговците, велат од Пазарен инспекторат

Во однос на можноста за намалување на ДДВ за увоз на енергенси, директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова изјави дека таквите проценки ги прави Владата со ресорните министерства, додека УЈП ќе ги спроведува мерките доколку бидат донесени.

Сиљановска-Давкова од „Треблинка“: Нема да дозволиме историски ревизионизам за Холокаустот на македонските Евреи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи што се одржа во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска.

Николоски во САД: Разговараме за раст на партнерството меѓу Македонија и Светска банка

Чарлс Кормиер, регионалниот директор за инфраструктура во Светска банка го поздравил присуството на вицепремиерот Николоски на глобалниот настан и истакнал дека оваа година Светска банка во фокусот ги стави темите поврзани со решенија за одржлив и инклузивен транспорт во светот како предуслов за раст и отворање на нови работни места.

Секоја четврта фирма не издавала фискални сметки, УЈП со куп неправилности во евидентирање на прометот

Активистите на УЈП не значат повеќе контроли и повеќе казни, туку разни мерки. Минатата година фокусот бил ставен на угостителството, трговијата на мало и некои услужни дејности.

(Видео): Нема потреба од кризна состојба, вели премиерот

Факт е дека во државата цената на нафтата, односно на нафтените деривати е најниска во споредба со земјите од соседството. Ваквата ситуација, според премиерот, од една страна е добра, но од друг аспект создава, условно кажано, проблеми бидејќи граѓани од соседните земји доаѓаат во земјава за да ги наполнат резервоарите на возилата, пред сè со дизел-гориво. Тоа, како што рече Мицкоски, особено се случува на бензинските пумпи во пограничните општини.

Мицкоски: Менкиноски не е криминалец, туку чесен граѓанин, кому „грев“ му е застапувањето на правата на Македонците! – ЕУ да го осуди ова однесување на Бугарија!

Премиерот Христијан Мицкоски јавно го осуди тоа што се случува со адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, оценувајќи дека „тоа е лоша порака“ и дека „тоа директно влијае врз имиџот на самата Европска Унија, доколку не излезе со осуда на ваквото однесување“.

Владата го предложи судијата во Кривичниот суд Ненад Савески за нов државен јавен обвинител

Владата денеска го предложи судијата од Кривичен суд, Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата треба да биде изгласан од Собранието. За изборот на државниот обвинител се потребни 61 глас. Портпаролката на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција истакна дека Владата се раководела од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. -Ненад Савески е судија во Кривичниот суд и во текот на својата професионална кариера има изградено репутација на правник со долгогодишно искуство, препознатлив по својата стручност, професионален интегритет и посветеност на принципите на законитост и правда, рече Митева.

To top