Македонија Бизнис

Владата успеа за три квартали да обезбеди стапкана раст од 3%, рече министерката за финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема ,,Економски раст и дигитална трансформација“. Таа истакна дека по преземањето на Министерството за финансии бил затекнат катастрофален буџетски дефицит и необезбедени средства за основни обврски, но со ребаланс и одговорни политики успеале да стабилизираат […]

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема ,,Економски раст и дигитална трансформација“. Таа истакна дека по преземањето на Министерството за финансии бил затекнат катастрофален буџетски дефицит и необезбедени средства за основни обврски, но со ребаланс и одговорни политики успеале да стабилизираат финансии и да обезбедат економски раст. Таа нагласи дека е постигнат значителен раст на капиталните расходи, бруто-инвестициите и градежништвото, зголемени се платите во образованието и здравството, а бројот на вработени е значително зголемен.

  • ,,Во периодот кога го преземавме или влеговме во министерството за финансии состојбата беше катастрофална, буџетскиот дефицит беше веќе 70% потрошен, или парите беа повеќе од 70% реализирани заклучно со 23 јуни, а во однос нели на целата година. Она што беше исто така вознемирувачко во тој момент беше состојбата на девизната сметка која што беше едвај 47 милиони евра притоа однапред знаејќи од претходната влада дека следи период а тоа е месец јули кога требаше да се сервисира една обврска за јавното претпријатие за државни патишта отприлика во тој износ што значи дека ќе останевме речиси и без средства на девизната смeтка“, рече Кочоска.

Кочоска истакна дека со навремен ребаланс и одговорен пристап, успеале да ги покријат сите необезбедени средства и да поттикнат економски раст. Таа потенцираше дека голем дел од законските обврски на претходната влада не беа обезбедени.

  • ,,Успеавме преку прераспределби и делумно зголемување на буџетскиот дефицит да обезбедиме 4,1 милијарда денари за плати согласно колективни договори кои што требаше а не ги обезбедија, притоа и во време на избори се потпишуваа колективни договори без притоа да се има обезбедено средства за истото. 5.5 милијарди денари за пензии иако во тој период. Многу често коментираа дека имало доволно средства за пензиите заради нашата променета методологија биле потребно дополнително средства. Не беше точно“, вели Кочоска.

Кочоска истакна дека претходната влада немала предвидено доволно средства дури ни според својата методологија, недостигале 800 милиони денари за загарантираната минимална помош, милијарда и 700 милиони денари за здравството, 1 милијарда за ТИРЗ, 437 милиони за студентски оброк и 207 милиони за студентски стипендии. Таа додаде дека не биле обезбедени ниту 300 милиони денари за блок-дотации, ниту 330 милиони за изборни активности, а биле потребни околу 5 милијарди денари за гаранции и покривање на обврски на јавните претпријатија, кои се наоѓале во сериозна финансиска криза поради неодговорно управување.

  • ,,Во еден многу краток временски период, Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3% и тоа повеќе се должи на она што ние го најавувавме во континуитет, а тоа е дека ќе имаме посебно внимание посветено на инвестициите и бруто инвестициите забележаа раст од 18% односно тоа е ефектот од онаа наша мерка пред се 250 милиони евра кои што ги насочивме кон приватниот сектор преку развојната банка, коишто до овој момент се искористени половина од нив 125 милиони евра и во исто време раздвижување во делот на капиталните инвестиции“, кажа Кочоска.

Според неа, зголемен е и обемот на капитални инвестиции, платите во образованието и здравството се покачени, а бројот на вработени бележи раст.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Елмир Емини од огранокот на ДУИ од Тетово бара оставка на „неморалните и оние, кои се обидуваат да ги оцрнат името на Тетово и нивната чест“!

„Раководството на ДУИ денес во тетовска Мала Речица расправаше за исклучително лошите резултати во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Одредено е до 20 декември 2025 година да се одржи конгрес на ДУИ, на кој се очекува оваа партија да ги направи првите измени, или да спроведе внатрешнопартиски избори.“ – објавија ТВ Алсат и „Порталб“.
Медиумите дополнуваат: По состанокот на партиското претседателство портпаролот Арбер Адеми дека „ДУИ не е одговорна за загубата во Кичево и Брвеница“ и ја обвини коалицијата Вреди за тоа. Според Адеми, партиското претседателство расправало и за коалицијата, што ја има ДУИ со двете крила на Алијансата за Албанците. „Таа коалиција продолжува и не се разговараше за нејзино можно распуштање.“ – посочи Арбер Адеми.

Се работи како никогаш до сега – на автопатиштата на коридорите 8 и 10д ангажирани 2.277 луѓе

До крајот на септември извршени се ископувања на 4,1 милион метри кубни земја и еден милиони метри кубни материјал за пополнување. Во септември немало исплати кон изведувачот, кому во август му беа префрлени 1,2 милијарди денари.

Македонија значително напредува во спроведувањето на реформите со Реформската агенда

Земјата постигнала одреден напредок во однос на плурализмот и слободата на медиумите и на слободата на изразување – се оценува во Годишниот извештај на Европската комисија.

To top