Македонија

Влажно и ладно за првомајскиот продолжен викенд

Во следните денови времето ќе остане променливо и посвежо, со сончеви периоди, но и услови за повремени врнежи од дожд

 

Значително нестабилно време, со облаци, врнежи и засилен северен ветер низ поголемиот дел од земјата денеска и за време на продолжениот првомајски викенд.

Се очекуваат врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе достигнат од 15 до 20 литри на квадратен метар. Со продорот на постуден воздух од север, на повисоките планински подрачја дождот постепено ќе преминува во снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час, што дополнително ќе го засили чувството на студ.

Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи меѓу 10 и 13 степени.

Во следните денови времето ќе остане променливо и посвежо. Ќе има сончеви периоди, но и услови за повремени врнежи од дожд, проследени со умерен до засилен северен ветер.

Температурите дополнително ќе опаднат, со утрински вредности кои на места ќе се спуштат и под нулата, додека дневните ќе се движат меѓу 9 и 18 степени.

Најнови вести од: Македонија

Не се укинува вториот пензиски столб – законската одредба за 6%, се префрла во друг закон, рече министерот Велковски

Дали со предлогот за  бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб власта ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои се негови членови?!

Во Битола се одржа литија низ Широк Сокак со чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска

По Светата Литургија, чудотворната икона на Пресвета Богородица Утешителка Паљурска беше изнесена во свечена литија низ Широк Сокак, во која се вклучија свештениците, монашките заедници и бројните ходочесници. Со литијата заврши централниот дел од ходочестието во Битола.

To top