Македонија

ВМРО ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот Герасимовски-кадарот на Заев, за да не стане Центар Бангладеш, поради градежни дозволи за СДСМ-фирми!

Го повикуваме кадарот на Зоран Заев, Горан Герасимовски, итно да дојде во Маџир Маало и да објасни според кои прописи се работи тука, А на одење да си даде оставка, повика денеска Диана Ристовска Додевски, членка на Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

Улицата Охридска во Маџир Маало е само еден пример за тоа, како се работи во Општина Центар и во какви услови живеат жителите – градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ ако треба Центар ќе го направат и Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Венко Филипче и Зоран Заев, за спас на партијата која оди кон сигурна пропаст, обвини денеска Дијана Ристовска Додевски, членка на Советот на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.

– Како и за сите други проблеми, оти општинските инспектори или се на боледување или се на одмор или едноставно си земаат плата, а не работат, така и тука, две години никој од службите под контрола на СДСМ и Герасимовски не видел дека на улицата Охридска во Маџир Маало граѓаните постојано се дават во прашина, а за да стигнат до своите домови, мора да газат преку градежен шут. Тука не може ниту мајка со дете да помине со количка, ниту пак лице со инвалидска количка по тротоарот, па тие мораат да се движат по улица, заедно со возилата, камионите и градежните возила – рече Ристовска Додевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top